Bazuar në nenin 25 paragrafi 4 të Ligjit të veprimtarisë inovative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 dhe 64/18) dhe neni 14 i Rregullores mbi instrumentin e mbështetjes- Grantet e bashkëfinancuara për komercializimin e inovacioneve, nr.01- 2572 /5 nga 19.07.2021, Fondi i Inovacioneve dhe i Zhvillimit Teknologjik më 18.08.2021, shpall një Konkurs Publik për financim nën instrumentin për mbështetjen “Grantet e bashkëfinancuara për komercializimin e inovacioneve”.
Qëllimi i instrumentit për mbështetje grante të bashkëfinancuara për komercializimin e inovacioneve është të inkurajojë rritjen e aktiviteteve kërkimore dhe zhvillimore në sektorin privat, të inkurajojë bashkëpunimin midis sektorit privat dhe institucioneve të arsimit të lartë dhe kërkimit shkencor, si dhe forma të tjera të bashkëpunimit për komercializimin e inovacioneve.
Instrumenti ka për qëllim ndërmarrjet që duan të zhvillojnë një produkt, shërbim ose proces inovativ, vetëm ose në bashkëpunim me një ndërmarrje dhe/ose institucion tjetër që kryen arsimin e lartë, pra veprimtarinë kërkimore shkencore. Instrumenti ofron mbështetje financiare për ndërmarrjet e regjistruara në Republikën e Maqedonisë së Veriut në mënyrë që të zhvillojnë dhe zbatojnë zgjidhje inovative, duke përfshirë mbështetjen për ndërmarrjet me potencial të lartë rritjeje.
Mbështetja përmes këtij instrumenti do t’i ndahet projekteve me një qëllim të qartë tregtar që janë në fazën prototip (ose faza e përshtatshme në varësi të llojit të produktit, shërbimit, procesit inovativ) deri në fazën para-komerciale (para-tregut).
Përmes këtij instrumenti Fondi i Inovacioneve dhe i Zhvillimit Teknologjik siguron mbështetje financiare në shumën maksimale prej 20,000,000.00 (njëzet milionë) denarë, dhe atë:
Shuma e të ardhurave vjetore të realizuara dhe numri mesatar i punonjësve përcaktohet në përputhje me raportet financiare për vitin 2020 dhe 2019.
Në rast të propozim-projekteve të paraqitura nga konsorciumi, propozim-projekti në emër të konsorciumit paraqitet nga aplikuesi kryesor. Anëtarët e konsorciumit mund të jenë: ndërmarrje, arsim i lartë dhe institucione kërkimore shkencore nga vendi dhe jashtë tij.
Çdo anëtar i konsorciumit duhet të plotësojë kriteret e mëposhtme:
Kriteret dhe nënkriteret për evoluimin e projektit jepen në formularin– Tabela e vlerësimit.
Çdo pagesë e honorareve bëhet me një normë prej 5% të të ardhurave vjetore të shfrytëzuesit të realizuar duke shitur produktin/shërbimin që rezulton nga projekti, deri në një kthim prej 100% (njëqind për qind) të shumës paguar nga Fondi ose për një periudhë pesëvjeçare pas përfundimit të projektit, në varësi të kushtit që është përmbushur për herë të parë.
Në rast se, për kohëzgjatjen e projektit, deri në miratimin e raportit përfundimtar nga Fondi, shfrytëzu esi paraqet dëshmi të investitorit tërheqës i cili ka investuar një shumë me të paktën 50% të shumës së mbështetjes financiare të ndara nga Fondi për shfryëzuesin, shfrytëzuesi do të lirohet nga detyrimi për të paguar honoraret. Si dëshmi për bërjen investimit do të konsiderohet kontrata, situata aktuale dhe dëshmia për bërjen e pagesës së investimit.
Kohëzgjatja e projektit për të cilin janë ndarë mjete financiare përmes këtij instrumenti mund të jetë deri në 24 (njëzet e katër) muaj.
Për financimin e projekteve në kuadër të këtij konkursi për këtë Instrument, sigurohet një buxhet i përgjithshëm prej 8,000,000.00 (tetë milionë) euro në kundërvlerë në denarë.
Të gjithë formularët mund t’i shkarkoni në “Shkarkoni Aplikacionin”.
Me rregull të plotësohen, nënshkruani dhe printoni me:
Dokumentacioni i siguruar nga Aplikuesi:
Aplikimi i projektit, buxheti i projektit dhe CV-të duhet të dorëzohen në gjuhën maqedonase dhe angleze (në formatin PDF dhe Excel) dhe t’i bashkëngjiten formularit të aplikimit duke klikuar në butonin “Apliko”.
Dokumentacioni tjetër në lidhje me aplikuesit duhet të dorëzohet vetëm në gjuhën maqedonase.
Afati i fundit për aplikim për konkursin publik për grante të bashkëfinancuara për komercializimin e inovacioneve është deri më 15.10.2021, deri në orën 14.00.
Për të gjitha informacionet shtesë ju mund të:
1. Дали средствата кои се доделуваат преку овој инструмент за проектни активности, се повратни?
Да, предвиден е механизам на поврат преку плаќање на ројалти во случај корисникот да генерира приходи од продажба како резултат на проектот. Обврската изнесува 5% од годишниот приход од продажба на производот / услугата кои се резултат на проектот, до остварување на поврат на 100% (сто проценти) од износот исплатен од страна на Фондот или за период од пет години по завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.
2. Дали како апликант може да се јави фирма која има загуба?
Со оглед на економската криза во 2020-та година предизвикана од Ковид19 пандемијата, како година која ќе се смета за меродавна за проверка на остварена загуба е 2019-та година, поточно за 2020година е дозволено апликантот да има загуба додека за 2019та година (година пред кризата) доколку има загуба согласно официјалниот биланс на успех, тој апликант нема да е подобен.
3. Дали ПЗУ може да се појави како апликант?
На овој јавен повик може да аплицира секое трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, кое ги исполнува кретериумите за подобност согласно Правилникот. Согласно ова ПЗУ не може да се појави како апликант.
4.Дали може да аплицира конзорциум составен од две компании?
Да, предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен апликант или од конзорциум предводен од апликантот. Меѓутоа, имајте во предвид дека членот на конзорциум потребно е да учествува со финансиски средства во целокупниот проект и потребно е да ги исполнува условите за подобност согласно Правилникот за инструментот.
5. Дали на повикот може да аплицира компанија која има тековен проект од претходен повик за некој од инструментите на поддршка на ФИТР а ги исполнува критериумите за учество?
Не. Апликантот, до моментот на аплицирање на јавниот повик, не треба да има тековен (активен) проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот по основ на некој од инструментите за поддршка.
6. За кои две години се утврдуваат годишните приходи за апликантите?
Износот на остварените годишни приходи и просечниот број на вработени, за овој повик се утврдува согласно финансиските извештаи за 2019 и 2020 год. како што е наведено и во текстот на јавниот повик.
7. Дали претпријатие основано од странец сопственик може да аплицира на овој јавен повик?
Да, може, доколку друштвото е основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар.
8. Дали е прифатливо експертите/консултантите кои би ги ангажирале за реализација на проектот, да бидат странци?
Да, за реализација на проектот можете да ангажирате надворешни лица, физички или правни, од земјата и од странство.
9. Дали можам потребното сопствено учество да го обезбедам преку кредит од банка?
Сопственото учество може да биде обезбедено од сопствени средства или кредит од комерцијалите банки. На следниот линк можете да да добиете повеќе информации за соработката на ФИТР со некои од комерцијалните банки и поволностите што тие ги нудат за нашите корисници и потенцијални апликанти: Дополнително финансирање за корисници – Fitr .
Средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.
10. Дали постои ограничување во однос на земјата на потекло при набавка на опрема потребна за развој на нов производ?
Не постои ограничување во однос на земјата при набавка на опрема.
11. Во Правилникот за инструментот, во делот на неподобни трошоци, пишува дека ДДВ-то е неприфатлив трошок. Дали тоа значи дека сумите во буџетот се пишуваат без вклучен ДДВ?
ДДВ е неподобен трошок и износите во буџетот треба да се без вклучен ДДВ.
12. Дали за ангажирање на надворешен експерт треба да се стави нето сумата што ќе ја добие, или може да се стави бруто сумата со вклучен персонален данок на доход (за домашно физичко лице), односно дали проектот го покрива и тој дел?
При ангажирање на надворешен експерт (физичко лице), самиот ангажман се регулира со договор каде треба да се дефинира нето износот + персоналниот данок. Со оглед на тоа, според досегашната пракса, во буџет може да се стави бруто износ (нето износ + персонален данок ) кој е дефиниран во договор и при реализација на проектот ќе имате обрска да направите и плаќање на персонален данок и исплата на нето износ. Доколку не го предвидите износот за персонален данок во буџет на проект Вие ќе мора тој трошок да го платите од сопствени средства бидејќи мора да имаме доказ дека за исплатен хонорар или надомест на физичко лице платен е и персоналниот данок.
13. Дали има ограничување во однос на периодот на постоење на фирмата, односно дали имаат право на аплицирање новоосновани компании?
Во Правилникот на овој инструмент нема ограничување во однос на староста на претпријатието апликант односно може да аплицираат и новоосновани претпријатија.
14. Дали фирма која во моментов нема ниту еден вработен, може да аплицира на објавениот јавен повик?
Според Правилникот на овој повик нема ограничување во поглед на минимум вработени, ограничување има само во максимум просечен број на вработени кој не може да надмине 250.
15. Дали за предвидените трошоци за набавка во рамките на проектот, во фазата на аплицирање треба да се достават понуди за набавка од добавувачи?
Во фаза на апликација немате обврска да ги доставите понудите.
Во случај проектот да е одобрен за финансирање, по потпишување на договорот а пред реализирање на набавката, за било која набавка предвидена во буџетот на проектот која надминува износ од 615.000,00 денари, потребно е до Фондот да доставите минимум три понуди и кратка информација за направениот избор на добавувач.
16. Дали може да се користи истата наменска сметка од претходниот повик за кој имаме добиено одлука за финансирање?
Истата сметка може да се користи само доколку претходниот проект Ви е завршен и сметката има салдо нула.
17. Што ако се смени некој од вработените во текот на времетраењето на проектот?
Со оглед на тоа дека капацитетот на проектниот тим е еден од критериумите при оценување на апликацијата, вработениот може да биде заменет со лице со исти или подобри квалификации при што барањето за промена на член на проектниот тим ќе биде предмет на одобрување од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции
18. Доколку се добие кофинансиран грант, како се користат средствата?
Уплатата на средствата се вршат на посебна наменска сметка која Корисникот ја отвора пред потпишувањето на договор за Фондот. Уплатата на средствата за ко-финансирање од страна на Корисникот, како и од страна на Фондот, се прави на квартална основа, пред почетокот на секој квартал. Тоа значи дека по потпишување на договор со Фондот, Корисникот треба да го уплати износот на сопственото ко-финансирање за прв квартал, а по доставување на извод од сметка (како доказ дека уплатата е направена) Фондот ја прави уплатата на својот дел од финансирањето за прв квартал.
Постапката се повторува секој нареден квартал со таа разлика што за исплатите за секој нареден квартал, покрај доставен извод за направена уплата на сопственото ко-финансирање, Корисникот ќе треба да достави извештај за претходниот квартал кој Фондот треба да го одобри и да има 70% искористеност на средствата од претходниот квартал.
Инаку, износот на средства по квартал го определува Корисникот при пополнување на буџетот кој е еден од задолжителните обрасци при аплицирање. При изготвување на буџетот Корисникот определува за секој трошок во кој квартал ќе се врши плаќањето и врз таа основа се определуваат вкупните износи по квартал и вкупниот буџет.
19. Дали трошокот за наем на простор е прифатлив трошок?
Да и истиот може да го предвидите под ставката Канцелариска и деловна поддршка во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
20. Дали постои судир на интереси при изнајмувањето на просторот?
Не може да се изнајмува деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со корисникот/членот на конзорциум.