Во рамки на студиската посета на Шпанија, претставник од Фондот за иновации и технолошки развој реализираше серија значајни средби со клучни институции во Мадрид, насочени кон размена на искуства и добри практики во поддршката на иновации, стартапи и економски раст.
📍 Средбите беа остварени со:
➡️ Министерството за индустрија и туризам на Шпанија, и
➡️ ENISA – Националната агенција за иновациски развој, која игра клучна улога во поддршката на претприемништвото преку финансирање и менторство на стартап и скејлап компании.
✅ За време на посетата, претставниците на ФИТР одблиску се запознаа со:
- механизмите за финансирање и нефинансиска поддршка на стартапи,
- моделите за поттикнување на економски раст, и
- иновативните јавни политики што Шпанија ги применува во развојот на индустријата и претприемништвото.
💡 Посетата претставува важен чекор во насока на зајакнување на билатералната и институционалната соработка, со цел развој на поотпорна, подинамична и конкурентна стартап и индустриска сцена и во Македонија.
Овие искуства се директно применливи во напорите на ФИТР за унапредување на инструментите за поддршка на иновацискиот екосистем, во согласност со европските стандарди и добри практики.