Национална AI стратегија

Како резултат на глобалните трендови во дигитализацијата, на иницијатива на Фондот за иноваци и технолошки развој, во септември 2021 година, беше формирана работна група чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата. Во работната група се вклучени домашни експерти но и успешни Македонци кои се глобално признаени професионалци од оваа област и работат во светски познати компании и универзитети. Националната стратегија за вештачка интелигенција, ќе им даде шанса на многу домашни, иновативни стартап компании да ги реализираат своите идеи и проекти, соодветно образование како и пристап до современа опрема.

Работната група е во следниот состав:

  • Татјана Митевска, претставник од приватен сектор (Аспиегел СЕ)
  • Илија Лалковски, претставник од приватен сектор (Веб Фактори)
  • Јасмина Мајстороска, претставник од јавен сектор (Министерство за економија)
  • Никица Кусиникова, член и Виктор Мирчевски, заменик член – претставници од невладин сектор (Здружение Конект)
  • Ѓoрѓи Маџаров, претставник на ИКТ индустријата (МАСИТ)
  • Бардил Јашари, претставник од невладин сектор (Фондација Метаморфозис)
  • Ангел Џеков, член и Петар Фидановски, заменик член – претставници од јавен сектор (MИОА)
  • Светлана Кордумова, претставник од приватен сектор (Пиксајл)
  • Христијан Ѓорески, претставник од академска заедница (ФЕИТ)
  • Петре Ламески, претставник од академска заедница (ФИНКИ)
  • Андреј Дамески, претставник од приватен сектор       
  • Филип Петровски, претставник од приватен сектор (Дата мастерс)