Нашата организација

Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември 2013 година, со цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите, заради потребата да се изгради конкурентна економија основана на знаење.

Организациската структура на Фондот за иновации и технолошки развој ги опфаќа следните организациски единици:

  • Директор
  • Сектор за програмски активности
    • Одделение за подготовка на програми
    • Одделение за спроведување на програми
  • Сектор за општи и правни работи и финансии
    • Одделение за правни работи, јавни набавки и архива
    • Одделение за финансии и сметководство

Органи на управување на Фондот се: Управен одбор, Комитет за одобрување на инвестиции и Директор.
Владата на Република Северна Македонија ги именува членовите на управните органи и директорот.

Управниот одбор го сочинуваат

  • г–ѓа Моника Младеновиќ – претседател на Управен одбор
  • г-ѓа Наташа Гешоска – член на Управен одбор            
  • г-ѓа Фатљуме Реџа – Лусњани – член на Управен одбор      
  • г-дин Шерефедин Ибиши – член на Управен одбор
  • г-дин Љубомир Поповски – член на Управен одбор      
  • г-дин Адриан Фазлија – член на Управен одбор
  • г-дин Дардан Селмани – член на Управен одбор

Kомитет за одобрување на инвестиции
Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

Дон Луис

Повеќе од 25 години, Дон Луис им нуди можност на илјадници студенти да стекнат претприемничко образование, преку предавања, тренинг и менторство на студенти-претприемачи на Универзитетот Тексас A&M.

Дон Луис е дел од Универзитетот Тексас А&М почнувајќи од 1999 година и предава на катедрата за Менаџмент, а потоа и на катедрата за Маркетинг на Мејс Бизнис Школата.

Луис има стекнато високо образование од областа на менаџмент и MBA од областа на информатичка технологија на Меѓународен Универзитет А&M во Тексас. Неговите професионални области на интерес вклучуваат области од маркетинг, претприемничко и образование за мал бизнис и обезбедување на студентите со меѓународни деловни можности.

Инес Капс

Инес Капс има повеќе од 22 години искуство во областа на менаџмент консалтинг, водејќи го тимот во двете консултантски фирми: KPMG и сопствена компанија passion2practice GmbH во Швајцарија. Таа е позната по реализација на глобални мултимилионски проекти за дигитална трансформација во фармацевтската и инженерската индустрија. Капс е исто така сериски претприемач и тренер за почетници.

Денес, Инес им помага на консултантски фирми со средна големина преку нејзината програма за тренери за акцелератори, со цел да се зголеми бројот на жени во водечки и партнерски улоги.

Инес има завршено МБА на Henley Management School во Велика Британија, магистер по деловна стратегија на ESC Rennes во Франција и магистер по бизнис иновации и претприемништво на University of Klagenfurt, во Австралија.