Процес на селекција

Фаза на претселекција

Секој предлог- проект е евалуиран од страна на три домашни стручни лица од 22 области на експертиза.

Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.

Сите проекти кои ќе добијат просечна оценка од минимум 51 поен продолжуваат во следна фаза.

Стручни лица

Согласно Законот за иновациска дејност (,,Сл. Весник на РМ” бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16,190/16 и 64/18) Фонд за иновации и технолошки развој воспоставува и води електронски Регистар на стручни лица кои помагаат при евалуација и давање на стручно мислење. 

Линк до регистарот за стручни лица.

Фаза на селекција

Проектите ги разгледува Комитетот за одобрување инвестиции (КОИ) – независно тело составено од тим од пет странски експерти кое ќе ја донесе финалната одлука на кои проекти ќе им биде одобрена финансиска поддршка. На барање на КОИ некои компании се поканети и на пичинг.

За проектите кои ќе ги селектира Комитетот, пред донесување на конечната одлука,  тимот на ФИТР го контактира апликантот со цел да достави потребни документи за да се утврди подобноста на апликантот, подобноста на трошоците во буџет, и комплетноста на целосната документација. Потоа следува донесување на конечна одлука од страна на Комитетот.

Комитет за одобрување на инвестиции

Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

Дон Луис

Повеќе од 25 години, Дон Луис им нуди можност на илјадници студенти да стекнат претприемничко образование, преку предавања, тренинг и менторство на студенти-претприемачи на Универзитетот Тексас A&M.

Дон Луис е дел од Универзитетот Тексас А&М почнувајќи од 1999 година и предава на катедрата за Менаџмент, а потоа и на катедрата за Маркетинг на Мејс Бизнис Школата.

Луис има стекнато високо образование од областа на менаџмент и MBA од областа на информатичка технологија на Меѓународен Универзитет А&M во Тексас. Неговите професионални области на интерес вклучуваат области од маркетинг, претприемничко и образование за мал бизнис и обезбедување на студентите со меѓународни деловни можности.

Инес Капс

Инес Капс има повеќе од 22 години искуство во областа на менаџмент консалтинг, водејќи го тимот во двете консултантски фирми: KPMG и сопствена компанија passion2practice GmbH во Швајцарија. Таа е позната по реализација на глобални мултимилионски проекти за дигитална трансформација во фармацевтската и инженерската индустрија. Капс е исто така сериски претприемач и тренер за почетници.

Денес, Инес им помага на консултантски фирми со средна големина преку нејзината програма за тренери за акцелератори, со цел да се зголеми бројот на жени во водечки и партнерски улоги.

Инес има завршено МБА на Henley Management School во Велика Британија, магистер по деловна стратегија на ESC Rennes во Франција и магистер по бизнис иновации и претприемништво на University of Klagenfurt, во Австралија.