ДФИТР Фестим Халили денес учествуваше на „Преспа Форум за Дијалог “, 2022 кој се одржува од 16-18 јуни во Охрид.
Во рамки на сесијата „Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација на одржлив и климатски неутрален регион“, во своето обраќање пред присутните ДФИТР Халили ги презентираше заложбите на ФИТР за справување со климатските промени и вложувањето во зелени инвестиции, кои водат кон реализација на Целите за одржлив развој и остварување на обврските за клима во рамките на претпристапниот процес на Европската Унија.
„Главен чекор кој го превземаме во насока на адаптација и ублажување на климатските промени е неодамнешната одлука на Владата, да го номинира ФИТР да биде првиот национален субјект што ќе го започне процесот на акредитација за Зелениот климатски фонд – на што сме особено горди. Како национален субјект со директен пристап, се издигнуваме на ниво на останатите меѓународни субјекти со пристап до средства од ЗКФ, како што се агенциите на ООН, мултилатералните развојни банки, меѓународните финансиски институции. Ова ќе и овозможи на Северна Македонија пристап до значително поголеми климатски финансии како и приближување кон реализација на Целите за одржлив развој и остварување на обврските за клима во рамките на претпристапниот процес на Европската Унија. Истовремено, ќе ги поттикнеме домашните приватни компании да се насочат да вложуваат во климатски инвестиции, како зелените технологии, во обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на штетни гасови и слично” изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој” истакна Халили.
Учесниците на „Преспа Форум за Дијалог“ имаат единствена можност со своите дискусии, проценки и предлози да стават личен печат за зајакнување на стабилноста на регионот на Западен Балкан, за збогатување на регионалната соработка и за испраќање позитивна слика за регионот во рамки на неговата европска интеграција и меѓународен контекст.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |