Based on Article 25, paragraph 4 of the Law on Innovation Activity (“Official Gazette of the Republic of Macedonia” No. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 and 64/18) and Article 9 of the Rulebook for the support instrument – Co-financed Grants for Technological Development for Accelerated Economic Growth no. 01-2410/5 dated 30.12.2020, the Fund for Innovations and Technology Development on 06.02.2021, announces a Public Call for submission of project proposals for financing under the Support Instrument – Co-financed Grants for Technological Development for Accelerated Economic Growth.
The purpose of this Instrument is to provide financial support for the technological development of enterprises and private healthcare institutions (hereinafter: “PHI”), for accelerated economic growth aimed at overcoming the consequences of COVID-19, that meet the requirements of Rulebook for the support instrument – Co-financed Grants for Technological Development for Accelerated Economic Growth.
The purpose of the support is for the companies to create conditions for overcoming the consequences of the economic crisis, to achieve accelerated growth, to increase the competitiveness on the international markets and the resistance to pandemic and climate crises, by introducing new, innovative, advanced, ‘green’ and digital technologies for their transformation.
The support is intended for enterprises and PHI (private healthcare institutions) that have a clearly identified need for new technologies that will have a significant and measurable positive impact in one or more of the following aspects of their operations: increased productivity and efficiency, cost reduction and resource use, reducing the negative impact on the environment, better quality and new features of the products and services they offer in the market, to develop new sales channels, entry or expansion in new markets or to build a more stable and sustainable network of suppliers.
The amount of realized annual income and average number of employees is determined in accordance with the financial statements for 2019 and 2018.
THE APPLICANT SHALL PROVIDE its own co-financing of 30% (for micro and small enterprises) i.e. 40% for medium enterprises of the total budget of the project.
Funds received from the Fund on any other grounds, as well as funds received on the basis of any other state aid, shall not be considered eligible funds for co-financing by the Applicant.
The main criteria and sub-criteria for project evaluation are given in the Evaluation Table form.
The duration of the project can be up to 18 (eighteen) months.
For financing projects under this competition for this Instrument, a total budget of 6,000,000.00 (six million) EUR in denar counter value is provided.
All application forms can be downloaded by clicking on the “Download Documentation” button.
The following documents should be properly filled, signed, and stamped:
The project application, the project budget and the CVs should be submitted in Macedonian and in English and should be attach, in PDF format, to the application form by clicking the “Apply” button.
The remaining documents should be submitted in Macedonian only.
As of 06.04.2021, 14:00
For any further questions contact us at zabrzanrast@fitr.mk
1. Дали средствата од оваа финансиска поддршка се повратни? Дали е некој вид на кредит и треба да се врати целиот износ и плус дополнителни 5% од износот кој ќе го добиеме од страна на Фондот?
Средствата од инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст се повратни во случај претпријатието да оствари оперативна добивка. Повратот на финансиската поддршка доделена од Фондот се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот и тоа:
– до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или
– за период од 5 (пет) години по завршувањето на проектот
(во зависност од тоа кој услов е прв остварен).
Во случај оперативната добивка да е поголема и доколку стигнете пред период од 5 години да треба да вратите повеќе од 105% од добиениот износ, вашата обврска за поврат ќе заврши во моментот штом е вратен износ од 105% иако не е истечен период од 5 години. Доколку оперативната добивка е помала и за период од 5 години не вратите 105% од добиениот износ, во тој случај Вашата обврска за поврат ќе заврши после 5-тата година, иако не сте достигнале поврат од 105% од финансиската поддршка доделена од Фондот.
Инаку, не станува збор за кредит бидејќи не е задолжување кое ги оптеретува билансите на компанијата и од друга страна повратот е во случај на успешност на компанијата, односно само при остварена оперативна добивка, која секако се надеваме дека ќе биде остварена по реализација на проектот. Воедно, обврската за поврат настанува по завршување на проектот а не со отпочнување на проектот.
2. Што се подразбира под оперативна добивка на корисникот?
Под оперативна добивка се подразбира остварената бруто добивка на претпријатието пред одземање на трошоци за камата, даноци и амортизација или таканаречена ЕБИТДА која се изведува од категориите во билансот на успех.
3. Дали сопственичката структура треба да биде 51% македонска, дали е ова задолжителен критериум?
Критериумите за подобност на апликант се наведени во член 7 во Правилникот за овој инструмент. Според наведените услови, сопственоста (домашна или странска) не е критериум за подобност.
4. Дали има ограничување во однос на периодот на постоење на фирмата, односно дали имаат право на аплицирање компании кои се формирани минатата година?
Во Правилникот на овој инструмент нема ограничување во однос на староста на претпријатието апликант односно може да аплицираат и новоосновани претпријатија.
5. Дали овој јавен повик поддржува сектор земјоделие?
Да, главниот услов кој треба да се исполни е апликантот да биде трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар на Република Северна Македонија и да ги исполнува останатите критериуми за подобност на апликант од член 4 и член 7 од Правилникот.
6. Дали фирма која во моментов нема ниту еден вработен, може да аплицира на објавениот јавен повик?
Според Правилникот на овој повик нема ограничување во поглед на минимум вработени, ограничување има само во максимум просечен број на вработени кој не може да надмине 250.
7. Дали едно претпијатие може да аплицира со три различни проекти на овој јавен повик?
Може да аплицира, меѓутоа обрнете внимание на член 4, став 5, каде што се вели “Доколку едно или повеќе физичко/и и/или правно/и лице во рамки на јавниот конкурс се јавуваат во сопственичка структура на повеќе од еден апликант и во случај таквите апликанти да бидат избрани за финансирање, вкупниот износ на финансиска поддршка на таквите апликанти заедно не може да ги надминат ограничувањата предвидени од ставот (1) од овој член, а кој важат за еден апликант” односно:
за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари.
8. За кои две години се утврдуваат годишните приходи за апликантите?
Износот на остварените годишни приходи и просечниот број на вработени, за овој повик се утврдува согласно финансиските извештаи за 2018 и 2019 год. како што е наведено и во текстот на јавниот повик.
9. Дали инвестиции во градежни активности, изградба на комерцијален објект за деловни активности би се сметал за релевантен трошок, директно поврзан со активностите на проектот?
Инвестиции во градежни активности не е неподобен трошок, но доколку е директно поврзан со проектот и има значително влијание врз забрзаниот раст на компанијата, може да се вклучи во буџетот на проектот со детално објаснување на истиот.
10. Во член 7, став 1, точка 2 од Правилникот пишува: 2) да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, согласно член 10 став 1 точка 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно истражувачка установа.
Ве молиме за појаснување што значи последната реченица „освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно истражувачка установа?
Член 7, став 1, точка 2 од правилникот “да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, согласно член 10 став 1 точка 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научно истражувачка установа”, значи дека апликантот не треба да биде поврзан со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000,00 евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години. Доколку апликантот е поврзан со високообразовна, односно научно истражувачка установа, во тој случај високообразовната, односно научно истражувачката установа може да има годишни приходи поголеми од 10.000.000,00 евра и просечен број на вработени повеќе од 250, но апликанотот мора да ги исполнува условите од член 4 став 1.
11. Во Правилникот за инструментот, во делот на неподобни трошоци, пишува дека ДДВ-то е неприфатлив трошок. Дали тоа значи дека сумите во буџетот се пишуваат без вклучен ДДВ или со вклучен ДДВ?
ДДВ е неподобен трошок и износите во буџетот треба да се без вклучен ДДВ.
12. Дали проектот треба да се регистрира во СЕП и УЈП?
Проектот нема правен статус и не се регистрира ниту во СЕП ниту во УЈП.
13. Дали за предвидените трошоци за набавка во рамките на проектот, во фазата на аплицирање треба да се достават понуди за набавка од добавувачи?
Во фаза на апликација немате обврска да ги доставите понудите.
Во случај проектот да е одобрен за финансирање, по потпишување на договорот а пред реализирање на набавката, за било која набавка предвидена во буџетот на проектот која надминува износ од 10.000,00 евра, потребно е до Фондот да доставите минимум три понуди и кратка информација за направениот избор на добавувач.
14. Дали како апликант може да се јави субјект кој фискалната година (2019 год.) остварило загуба во работењето поради инвестиција во таа фискална година.
Доколку компанијата е постара од три години во моментот на аплицирање, тогаш, согласно условите за подобност (член 7 од Правилникот за инструментот) не треба да има генерирана загуба во последните две фискални години (во случајов 2018 и 2019 година) согласно официјалните биланси на успех за тие години. Соодветно на тоа, доколку претпријатието апликант е до 3 години постоење до моментот на аплицирање, за тие претпријатија нема услов да немаат остварена загуба.
15. Што доколку после некое време фирмата е во потешкотии и нема услови да ги враќа финансиските средства?
Доколку фирмата не остварува оперативна добивка во период од пет години по завршување на проектот, за годините за кои нема остварено оперативна добивка корисникот нема да има обврска да направи поврат на финансиските средства.
16. Што доколку фирмата отиде во стечај во меѓувреме?
Во случај да е поднесен предлог за поведување на стечајна постапка против корисникот, корисникот писмено го известува Фондот во рок од 10 (десет) дена од дознавањето за таквиот предлог. Информации за постапување во вакви случеви може да најдете во Правилникот за инструментот.
17. Ние сме фирма која има за цел набавка на опрема, сервери и слично. Меѓутоа временски кога треба да ја реализираме набавката, дали пред одобрување на проектот па потоа Фондот да ни додели средства зависно од критериумите, или треба прво да се аплицира, да се одбри проектотпа потоа да се набави опремата?
Согласно условите од Правилникот, секоја активност и набавка поврзана со проектот, треба да биде превземена после одобрување на проектот, односно после потпишувањето на договорот со Фондот. Согласно член 8 од Правилникот став 2 „само трошоците направени за време на проектот и во согласност со одобрениот буџет на проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање“.
18. Дали има минимален износ на средства што можеме да ги побараме?
Нема ограничување во поглед на минимална сума за која би аплицирале.
19. Наведено е дека средствата треба рамномерно да се трошат во текот на кварталите, но бидејќи нашето претпријатие би набавувало опрема, која што реално би се набавила и имплементирала во првиот квартал и потоа не би имале никакви трошоци, дали тоа се смета за прифатливо?
Доколку проектот трае повеќе од еден квартал согласно член 8 од Правилникот став 3, износот на секој одделен квартал не треба да се разликува од останатите за повеќе од 30%.
Доколку проектот се реализира во еден квартал, тогаш нема вакво ограничување.
20. Што поточно се смета за кратка биографија, кои сегменти се најважни за да бидат опфатени?
Биографија или CV (curriculum vitae) e образец на документ кој ги прикажува квалификациите, искуството и вештините на членовите на проектниот тим за секој член одделно.
21. Кој почетен датум е оптимален за почеток на реализација на проектот, бидејќи треба да се испланира набавка на опрема која е основна за дигитализација на работењето?
При потпишување на договорот за доделување на средства за почеток на реализација на проектот, апликантот сам го определува датумот за почеток на проект. Притоа, имајте на ум дека рокот за аплицрање е до 6-ти Април 2021 година, по што следува процес на евалуација. При определување на рокот за почеток на проектот (при правење на планот за проектни активности) препорака е активностите да не се пишуваат во планот на активности со конткретни датуми туку на пример: прв квартал, прв месец и слично.
22. Дали може да се користи истата наменска сметка од претходниот повик за кој имаме добиено одлука за финансирање?
Истата сметка може да се користи само доколку претходниот проект ви е завршен и сметката има салдо нула.
23. Дали постои ограничување во однос на земјата на потекло при набавка на опрема потребна за развој на нов производ?
Не постои ограничување во однос на земјата при набавка на опрема.
24. Дали може да аплицира конзорциум составен од две микро компаниии?
За овој инструмент не се предвидени конзорциуми/партнерства. Меѓутоа, апликантот може да склучи договор за соработка (поддоговор за услуги) за истражување и развој со установи кои вршат високообразовна и/или научноистражувачка дејност од земјата и од странство или со друго претпријатие и/или ПЗУ.
25. При апликација се бара CV за лицата кои го сочинуваат проектниот тим, односно најмногу за 5 лица. Дали доколку во проектот се ангажирани вкупно 7 лица треба да доставиме за 5 по произволен избор, или за сите 7 лица?
Независно колку лица е планирано да бидат вклучени во проектот, за аплицирање доставувате CV за најмногу 5 лица.
26. Со оглед на проточноста на ИТ кадрите, можноста да заминат во странство или најдат друг ангажман во тек на проектот, дали ќе може во таква ситуација во проектот кој тече да се заменат со други ИТ лица со слична квалификација?
Може, но промените треба да бидат претходно одобрени од страна на Фондот, по доставено барање од страна на Корисникот, што е подетално објаснето во член 26 став 3 од Правилникот.
27. Дали во новиот повик за кофинансирање може да се аплицира за купување на половна машина?
Согласно Член 8 став 4 од Правилникот на инструментот Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, половна опрема не е дозволен трошок.
28. Во буџетска ставка “III. Tрошоци за техничка поддршка (експертиза), договорни услуги за И&Р, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.); треба да ги наведеме трошоците поврзани со експертиза или пак ангажман во вид на поддоговорна услуга. Притоа подизведувачи можат да бидат физички лица (експерти/консултанти) и правни лица”. Дали физичкото или правното лице може да биде од странство?
Да, физичкото или правното лице кое ќе се појави како надворешно ангажирано лице/фирма, може да биде и од земјава и од странство, нема ограничување во тој поглед.
29. Дали за ангажирање на надворешен експерт треба да се стави нето сумата што ќе ја добие, или може да се стави бруто сумата со вклучен персонален данок на доход (за домашно физичко лице), односно дали проектот го покрива и тој дел?
При ангажирање на надворешен експерт (физичко лице), самиот ангажман се регулира со договор каде треба да се дефинира нето износот + персоналниот данок. Со оглед на тоа, според досегашната пракса, во буџет може да се стави бруто износ (нето износ + персонален данок ) кој е дефиниран во договор и при реализација на проектот ќе имате обрска да направите и плаќање на персонален данок и исплата на нето износ. Доколку не го предвидите износот за персонален данок во буџет на проект вие ќе мора тој трошок да го платите од сопствени средства бидејќи мора да имаме доказ дека за исплатен хонорар или надомест на физичко лице платен е и персоналниот данок.
30. Дали под „други оперативни трошоци” се смета како погоден трошок кирија на простор кој што со договор за закуп би се изнајмил за техничко опремување и прилагодување?
Да, во други оперативни трошоци влегуваат сите трошоци кои не се споменати во претходните буџетски ставки, а се директно поврзани со реализација на проектот, освен оние кои не се подобни за финансирање преку овој Инструмент. Наемот на простор е дозволен трошок доколку не се однесува на :
наем на деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со Корисникот.
31. Дали постои ограничување на износот на целата инвестиција, односно проектот, или ограничувањето (до 2.500.000мкд, 5.000.000мкд и 10.000.000мкд) се однесува на финансирањето кое што го обезбедува ФИТР како финансиска поддршка?
Не постои ограничување во поглед на целата инвестиција, т.е. вкупниот буџет на проектот, ограничувањето се однесува само на финансиската поддршка која едно претпријатие може да ја добие од ФИТР согласно условите наведени во правилникот.
32. Дали сите ставки во буџетот на проектот мора да бидат пополнети или само оние во кои би имале трошоци?
Во буџетот на проектот се пополнуваат само оние буџетски ставки каде што има планирано трошоци. Доколку во одредена буџетска ставка нема предвидено трошоци, тогаш таа ставка останува празна.
33. Дали е задолжително проектот да трае 6 квартали, односно 18 месеци или нема утврдено минимално времетраење на проектот?
Максималниот рок за еден проект, со кој би се аплицирало на овој јавен повик е 18 месеци, односно 6 квартали, нема ограничување во поглед на минимум времетраење на проектот.