Стартува со работа Boksy.mk, првата детска апликација за читање и слушање книги во Македонија!

Млад тим на ентузијасти ја креираа првата апликација Boksy.mk, со цел да се поттикнат децата да читаат повеќе книги, а времето поминато пред екраните на мобилните уреди да биде корисно, едукативно и забавно. Проектот на компанијата Ретинг е поддржан од ФИТР во рамките на повикот Стартапувај 3.

Преку стотици е-книги и аудио книги се достапни на македонски, англиски и албански јазик, правејќи го забавно учењето на децата од најмлада возраст од 3 па се до 16 години.

Најзабавните македонски наслови се дел од библиотеката на Бокси и бројот континуирано расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се пролистаат на Бокси.

Апликацијата е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. Бокси претставува спој помеѓу светот на игрите и светот на книгите. Во апликацијата дечињата можат да одберат свој аватар и да го уредуват со паричките собрани од секоја прочитана книга. Има еден мал куп на аксесоари / додатоци за аватарчето. Прочитаните книги им носат парички со кои што можат да добијат многу награди како Робакс картички, карти за кино и зоолошка, играчки и безброј други радости.

Покрај книгите, за развивање на интелектот и љубопитноста на децата во оваа апликација ќе бидат достапни и едукативни квизови, како и можност за натпреварување со другарчиња.

Прочитајте како започна проектот од едно прашање и идеја да се создаде иновација која ќе помогне младите покорисно да го поминуваат времето пред екраните:

https://www.crnobelo.com/novosti/promo/96908-boksy-mk-prvata-detska-aplikacija-za-chitanje-i-slushanje-knigi-vo-makedonija