Со поддршка на ФИТР крекерот на Ивона Трајановска е еден од најпродаваните протеински грицки

Македонската компанија Про Фит на Ивона Трајановска со помош на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој лансираше свој иновативен производ, крекерот HiLife кој денеска е еден од најпродаваните.

Компанијата Про Фит која на пазарот го промовира здравиот начин на живот и исхрана набавувала производи од други држави по високи цени со цел да ги задоволи потребите на купувачите кои го практикуваат здравиот начин на исхрана.

Во повикот за Стартап Хероите кој го промовираше Фондот за иновации и технолошки развој, Трајановска препознала одлична можност за брендирање на свој производ. Покрај остварување на сонот на сопственичката на Про Фит Трајановска, тоа значело намалување на потрошувачката за набавка на производи од странство и крај на процедурите за набавка.

Денеска компанијата Про Фит е дел од поддржаните херои кои добија финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, а нивниот крекер по промоцијата во маркетите станува омилена грицка за многумина.

Прочитајте за остварувањето на нејзиниот сон во интервјуто за Иновативност.мк