Прва македонска дигитална образована платформа – JetMinds.org

Темата со националната платформа е актуелна во моментот, но сметаме дека би било корисно за вашите читатели да знаат дека на македонскиот пазар постои и алтернативен продукт – платформата JetMinds.org која функционира од 2019 година и опслужува повеќе од 20.000 ученици во основно и средно образование.
Платформата JetMinds.org е првата дигитална платформа во Македонија. Продуктот е развиен од млад старт-ап тим, поддржан од Фондот за иновации, а вклучени во развојот се повеќе од 30 професионалци – вклучително универзитетски професори, инженери, дизајнери и професионалци од други области. JetMinds не е продукт кој е адаптиран од странство, туку станува збор за платформа која е целосно развиена тука во Македонија, а која работи на тоа да се шири и извезува во странство.
 
Платформата е достапна на следниот линк: https://jetminds.org/
 
JetMinds ја прати и дополнува материјата од основно и средно образование. Имајќи во предвид дека не е резултат на анти-кризна мерка, платформата е развивана подолг временски период и на истата не постои компромис помеѓу квалитет и квантитет. Како што спомнавме, на JetMinds.org учат над 20.000 ученици и досега системот нема ниту еднаш паднато. Користењето на JetMinds е во голем дел бесплатно.
 
Би сакале да напоменеме дека JetMinds учествуваше во повикот на Фондот за иновации #ПридонесиИти. При истиот, во периодот кога не постоеше ниту едно онлајн решение во државата, нашиот тим ја отвори платформата JetMinds целосно бесплатно за сите корисници со сите функционалности.
 
При почетокот на кризата најголемиот дел од медиумите ја споделија веста за JetMinds. Се надеваме и сега на вашата помош да информацијата стигне до што е можно поголем број ученици.