Инфо сесии за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”

Започнуваме со серија на инфо сесии во врска со предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”, кој се реализира во партнерство со Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарна вработливост ИМЕ.

Инфо сесиите ќе се одржат во повеќе градови низ државата и се отворени за сите заинтересирани апликанти. За време на инфо сесиите, претставниците на ФИТР и Програмата за зголемување на пазарна вработливост ИМЕ ќе ги презентираат детално условите и критериумите за аплицирање на предизвикот и ќе бидат презентирани реални примери за дигитализација и дигитална трансформација.

Целта на овој предизвик е зголемување на иновативноста, конкурентноста и продуктивноста на малите и средни претпријатија во земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Воедно, предизвикот има за цел да овозможи зајакнување на капацитетите на дигиталните иновациски хабови како дел од екосистемот неопходен за понатамошна дигитална трансформација.

Вкупниот буџет на предизвикот изнесува 18.450.000 денари. Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатије, односно до 50% од вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

Рокот за аплицирање е до 20.03.2023 година, до 14:00 часот, а начинот на аплицирање е исклучиво онлајн. Повеќе информации за предизвикот на: https://fitr.mk/digitalna-transformacija/