Дигиталната трансформација на клучните процеси во секторот на мали и средни претпријатија е од суштинско значење за зголемување на ефикасноста и продуктивноста со што тие, покрај тоа што го подобруваат своето работење, стануваат и поконкурентни на странските пазари и ги зголемуваат можностите за извоз.
Малите и средни претпријатија, посебно се соочуваат со предизвици во делот на дигиталната трансформација главно поради ограничените финансиски можности за инвестирање во нови технологии, како и несигурност во долгорочната исплатливост на инвестициите. Освен тоа, на домашните претпријатија (освен на оние кои припаѓаат на секторот информатичко-комуникациски технологии – ИКТ сектор) им недостасува знаење за да ја разберат сложеноста на имплементацијата, трошоците и придобивките од дигиталната трансформација. Повеќето претпријатија имаат доверба во нивните производствени технологии и не сакаат да преземаат инвестициски ризици. Последиците од Ковид 19 пандемијата и енергетската криза се значително изразени во земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор каде нивото на дигитализација е особено ниско.
Позитивниот став кон иновациите и промените е еден од клучните двигатели на усвојувањето на новите технологии. Поконкретно, претпријатијата кои навремено воведуваат нови дигитални и зелени технологии имаат позитивен став кон дигитализацијата, гледаат напред и имаат јасно разбирање за тоа кои технологии се достапни, како и за тоа кои се трошоците, придобивките и релевантните практики за управување со нив.
Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој предзвик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор како натпреварувачи ќе можат:
Во моментов не постои доволно развиена мрежа на даватели на деловни услуги што може да им помогне на компаниите да спроведат адекватна дијагностика и да изберат оптимални дигитални решенија и експертиза за дигитална трансформација на нивниот бизнис. Овој предизвик ќе им даде можност на стартап хабовите, како клучен сегмент во мрежата на даватели на дигитални услуги, да понудат пристап на МСП до услуги за дигитализација на нивното работење, услуги за градење на дигитални вештини, дигитален маркетинг, сајбер заштита и сл. И градејќи ги своите капацитети, понатаму да прераснат во дигитални хабови кои ќе бидет значаен фактор во процесите на дигитализација на локално но и на регионално ниво.
ИКТ секторот во голема мерка нуди дигитални услуги и производи главно за странски клиенти поради што постои слаба интеграција и соработка со домашните не-ИКТ компании. Преку овој предизвик, претпријатијата од овој сектор ќе имаат можност да креираат нов (домашен) пазар за нивните дигитални решенија или услуги, да ја зголемат продажбата преку понуда на слични дигитални решенија и на други компании од истиот или различен сектор, дома или во странство, и да креираат нови работни места.
Фондот за иновации и технолошки развој овој предизвик го реализира во партнерство со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability (IME) Program) на Швајцарската агенција за развој и соработка и ИНОФЕИТ ДИХ.
ИМЕ ќе учествува во вкупниот буџет на предизвикот со финансиски средства од 6.150.000 (шест милиони и сто и педесет илјади) денари.
ИНОФЕИТ ДИХ, заедно со Фондот, ќе се вклучи во процесот на имплементација на награденото/ите дигитално/и решение/ја.
[1] https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/european-green-deal_en
[2] https://futurium.ec.europa.eu/en/digital-compass
Целта на овој предизвик е зголемување на иновативноста, конкурентноста и продуктивноста на малите и средни претпријатија во земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Воедно, предизвикот има за цел да овозможи зајакнување на капацитетите на дигиталните иновациски хабови како дел од екосистемот неопходен за понатамошна дигитална трансформација.
Дигиталната трансформација предизвикува промени во различни организациски аспекти, што доведува до нови деловни модели, преобликување на деловните процеси и синџири на вредности и овозможувајќи им на компаниите да развиваат нови производи/услуги и да управуваат со поширока база на клиенти на глобално ниво.
Дигиталната иновација е употреба на дигитална технологија и апликации за подобрување на деловните процеси и перформансите на работната сила, подобрување на искуството на клиентите и воведување нови производи или деловни модели. Дигиталните иновации станаа суштински во современиот свет, при што бизнисите ги користат за да ги насочат процесите и да ја зголемат ефикасноста. Тоа им овозможува на компаниите да останат пред својата конкуренција со постојано имплементирање на нови технологии кои го подобруваат искуството на клиентите. Дигиталната трансформација и дигиталната иновација можат да бидат меѓусебно поврзани.
Со овој предизвик бараме:
Дигитални решенија може да бидат базирани на вештачка интелигенција, виртуелна реалност, автоматизација, роботика, интернет на нешта, веб базирани решенија и други решенија за дигитална трансформација кои не се спомнати тука не се исклучени.
Избраните решенија ќе бидат презентирани и достапни за млади на возраст од 15 до 25 години, преку најмалку една бесплатна обука организирана од страна на Натпреварувачот.
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
За финансирање на проекти во рамки на овој јавен повик обезбеден е вкупен буџет од 18.450.000 (осумнаесет милиони и четиристотини и педесет илјади) денари.
Од вкупниот буџет на предизвикот, Фондот обезбедува финансиски средства во износ од 12.300.000 (дванаесет милиони и триста илјади) денари, остатокот од финансиските средства го обезбедува ИМЕ.
Доколку натпреварувачот е средно претпријатие согласно критериумите за подобност, за поединечен предлог проект, Фондот во соработка со Програмата ИМЕ, обезбедува финансирање до 50% (педесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.845.000 (еден милион и осумстотини и четириесет и пет илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 50% (педесет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Доколку натпреварувачот е мало или микро претпријатие согласно критериумите за подобност, за поединечен предлог проект, Фондот во соработка со Програмата ИМЕ, обезбедува финансирање до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.845.000 (еден милион и осумстотини и четириесет и пет илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Финансиските средства добиени од Фондот во рамки на овој предизвик, по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за кофинансирање од страна на Натпреварувачот – корисник на финансиски средства од Фондот.
Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.
Критериумите за подобност кои треба да ги исполни натпреварувачот се:
Натпреварувач на овој предизвик е трговско друштво кое ги исполнува горенавадените критериуми и дополнително, делува во земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор.
Поединечниот натпреварувач предлог-проектот може да го поднесе во партнерство. Во случај на партнерство, партнер/от/ите треба да ги исполнуваат истите критериуми за подобност како и самиот натпреварувач, апликант на овој повик. Партнер може да биде претпријатие од било која област/сектор на работење.
Со овој предизвик посебно се охрабруваат да аплицираат претпријатија во сопственост или управувани од жени или млади лица до 29 години (Табела за оценување).
Активности
Предлог-проектот треба да опфати активности за развивање и примена на дигитални решенија кои ќе доведат до дигитална трансформација на претпријатието – натпреварувачот.
Активностите може да вклучуваат:
Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.
Трошоци прифатливи за финансирање
Трошоци прифатливи за финансирање се:
Листата на подобни трошоци не е исцрпна.
Трошоци неприфатливи за финансирање се:
Не се подобни за финансирање и трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори.
Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот ќе се сметаат за подобни трошоци.
Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.
Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.
Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, заедно со предлог-проектот, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.
Фондот нема да биде одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Натпреварувачот/Корисникот на финансиските средства и трети страни. Натпреварувачот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на кое било трето лице.
Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства наградените натпреварувачи, се состои од неколку чекори:
Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од пет членови во состав:
Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.
Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:
Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно овие Правила и условите наведени во Јавниот повик.
Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.
Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот. Сите обрасци за аплицирање може да ги преземете со клик на копчето „Преземи документација“.
При пријавување на јавниот повик потребно е да се достават, потпишани и заверени со печат, следните документи:
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик.
Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот со клик на копчето „Аплицирај“.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20/03/2023 година, до 14:00 часот.
За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.
Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година и Правилата за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 и 01.06.2020 година.
За сите прашања и дополнителни информации поврзани со овој повик можете да ја користите електронската адреса: digitalnatransformacija@fitr.mk
За презентација на правилата и условите за аплицирање на овој повик, Фондот ќе организира инфо-настани. Информациите за датумите на одржување на инфо-настаните ќе бидат навремено објавени на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |