ДФИТР Фестим Халили на панел дискусија „Предизвици и перспективи на пазарот на труд во Република Северна Македонија”

„Нашата држава има млади кои поседуваат огромен иновативен потенцијал, а наша обрска е да го поддржиме овој потенцијал”.

Ова го истакна ДФИТР Фестим Халили на денешната панел дискусија „Предизвици и перспективи на пазарот на труд во Република Северна Македонија”, кој се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Младите и амбициозни луѓе се во фокусот на работа на ФИТР, која преку своите инструменти го поддржува претприемачкиот дух кај младите, развојот на иновативните и креативни идеи кои тие ги поседуваат и развојот на нови бизниси кои креираат нови работни места.