Делегација на Фондот за иновации на Црна Гора во посета на ФИТР

Фондот за иновации и технолошки развој беше домаќин на дводневна работна средба со Фондот за иновации на Црна Гора, на која беа разменети позитивни искуства од работата на двете институции.

Претставниците на Фондот за иновации од Црна Гора предводени од  Претседателот на Бордот на директори Василије Чарапиќ и директорката на Фондот Бојана Фемиќ-Радосавовиќ, беа пречекани од страна на тимот на ФИТР, при што им беа презентирани програмите и инструментите за поддршка на иновативни компании и развој на екосистемот.

ФИТР на средбата ги потенцираше своите главните приоритети за подобрен пристап до финансиска поддршка за иновации, за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Северна Македонија.

Во рамки на посетата двете институции ги разгледуваа и процесите, правилата и процедурите по кои работат и разменуваа искуства на овие теми.

Тема на работната посета беа и тековните и идните активности на Фондовите, а беше заклучено дека меѓусебната соработка на институциите од земјите на Југоисточна Европа е клучна за развојот на земјите и дека истата ќе продолжи во иднина.