Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов предизвик „Паметен школски менаџмент: Интегрирган пристап кон одржливоста” преку кој се бараат иновативни решенија за имплементирање на смарт системи за контролирање на училишното осветлување на средните училишта и студентски домови во четири општини од Североисточниот Плански Регион: Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково. Овој предизвик Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во партнерство со Министерството за локална самоуправа (МЛС) и соработка со Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија за поддршка на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој – Фаза 2”.
Со имплементирање на паметен систем од понудените решенија се очекува комплетен преглед на светлата и потрошувачката на енергија преку автоматизација на целиот процес, намалување на потрошувачката енергија, подобрување на ефикасноста во работењето и создавање услови преку намалување на CO2 и развој на паметен школски менаџмент.
Училишта во кои треба да се спроведе и имплементира паметното дигитално решение во Североисточниот плански регион се: „Гоце Делчев“–Куманово; „Перо Наков“–Куманово; „Наце Буѓони“–Куманово; „Киро Бурназ“–Куманово; „Ѓорче Петров“–Крива Паланка; „Митко Пенџуклиски“–Кратово; „Исмет Јашари“–Липково и Ученички дом „Проф. Мијалкович“–Куманово, Ученичкиот дом „Митко Пенџуклиски“–Кратово.
На овој предизвик се очекуваат предлог проекти кои вклучуваат развој на иновативни производи и/ или процеси кои придонесуваат кон: намалување на потрошувачката на енергија, контрола и оптимизација на потрошувачка кај уреди кои користат електрична енергија, греење и климатизација, системи за рано предупредување и превенција од опасност и хаварија, смарт систем за контрола на енергетската потрошувачка во училиштата со автоматско мониторирање и контрола на сите светла во училиштата и системот да може самостојно да ги вклучи / исклучи светлата. Од страна на натпреварувачот на предлог – проектот се бара да го одржува системот за контрола на енергетската потрошувачка најмалку 12 месеци.
Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 21.525.000 денари, од кои Фондот обезбедува 12.300.000 денари, а Министерството за локална самоуправа обезбедува 9.225.000 денари. За победничкиот предлог – проект, Фондот заедно со МЛС обезбедуваат финансирање од 100% од вкупниот буџет за проектот.
На предизвикот можат да аплицираат сите оние кои ги исполнуваат критериумите за аплицирање, односно: да е трговско друштво основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар, годишните приходи да не надминуваат 10 милиони евра во денарска противредност, просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени, да не е поврзан со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10 милиони евра и итн.
Активностите на предлог проектот треба да вклучуваат: модул за автоматско управување на потрошувачката на енергија, модул за рачно препрограмирање на системот и модул за контрола и пристап на корисници.
Трошоци кои се прифатливи за финансирање се: бруто плати со вклучени додатоци на плата во согласност со Законот за работни односи, набавка и/или изнајмување на опрема и ппотрошни материјали за истражување и развој, услуги од надворешни експерти, советници, консултатни, поддоговори и други опертативни трошоци.
Сите пристигнати предлог – проекти се оценуваат од страна на Комисијата за оценување и избор, која се состои од пет члена: двајца члена кои се надворешни експерти од областа на предизвикот, двајца члена кои што се претставници на партнерската организација и еден претставник од Фондот. Комисијата за оценување и избор ќе ги оценува проектите врз основа на дефинирани критериуми: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за имплементација и одржливост на решението и влијание.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 5 Октомври 2023 година, до 14:00 часот. Дополнителни информации во врска со предизвикот можат да се добијат на веб страната на Фондот: https://fitr.mk или пак на е-маил адресата: shkolskimenadjment@fitr.mk
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |