„Паметен школски менаџмент:
Интегриран пристап кон одржливоста“

Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), а во врска со Правилата за организирање и спроведување на натпревари или предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата oд 20.01.2020 година, арх.бр. 01-514/17, Правилата  за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година,арх.број 01-797/6, и Правилата  за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година, арх.број 01-1662/5, Фондот за иновации и технолошки развој на ден 14.09.2023 година, објавува Јавен конкурс  за предизвикот:

                               „Паметен школски менаџмент: Интегриран пристап кон одржливоста“

Последната година е исполнета со низа настани кои долго ќе остават белег на економските и вкупните општествени односи во нашата земја. Kризата предизвикана од Ковид 19, но и изложеноста на екосистемот на новите економски и геополитички предизвици како што се: високата инфлација и eнергетската несигурност, дополнително го забрзаа притисокот врз сите. Поаѓајќи од потребата за воведување на нов систем на паметен современ менаџмент кој ќе опфаќа планирање, организирање, координирање и контролирање е новиот излез од климатските промени. Поради тоа техно-економска парадигма претставува збир на современа техника на организациони иновации кон паметното менаџирање на интегриран и одржлив пристап на ресурси. Не може да се замисли современ паметен систем и услуги без препознавање на нови решенија во економската структура на општеството.

Климатските решенија кои се темелат на иновации, истражувања и развој, треба да имаат одлучувачка улога во постигнувањето на зелена транзиција на земјата и нејзино усогласување со остатокот од светот.

Имајќи предвид дека дигитализацијата е процес кој зема замав со подемот на иновативните интегрирани технологии со одржлив пристап на услугите, истото се реализира преку воведување на нов паметен систем за контрола на енергетската потрошна. Со овој систем ќе биде овозможено автоматско мониторирање и контрола на сите светла, автоматизирање на целиот процес преку намалување на потрошувачката на електрична енергија и намалување на трошоците во средните училишта и ученичките домови од Северо Источниот плански регион во општините:  Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково.

 Паметни решенија подразбираат примена на технологии и практики кои водат кон намалување на емисиите на стаклените гасови, кои се причинители за климатските промени, или водат кон прилагодување кон ефектите од климатските промени. Тие водат кон остварување на климатските цели кои се во согласност со националните климатски политики на РСМ.

Со имплементирање на паметен систем од понудените решенија во рамки на јавниот повик Паметен школски менаџмент: Интегриран пристап кон одржливоста се очекува копмлетен преглед на светлата и потрошувачката на енргија преку: автоматизација на целиот процес, намалување на потрошувачката енергија, подобрување на ефикасноста во работењето и создавање на услови преку намалување на CO2 и развој во паметен школски менаџмент. Решенијата треба да ги осовременат услугите на школите и да бидат применливи и во нормални услови на функционирање, со разработен план за натамошно одржување и подобрување.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (Фондот) објавува повик за финансирање на проекти за имплементирање на смарт системи за контролирање на училишното осветлување се со цел намалување на трошоците и подобро контролирање на потрошувачката енергија на средните школи и ученичките домови во четри општини од Северо Источен плански регион:  Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково.

Овој предизвик Фондот за иновации и технолошки развој (Фондот) го реализира во партнерство со Министерство за локална самоуправа (МЛС) и соработка со Швајцарската Амбасада во РСМ за поддршка на проектотОдржлив и инклузивен рамномерен развој – Фаза 2”.

Предизвикот има за цел да поттикне зголемување на свеста кај граѓаните, намалување на потрошувачката енергија, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на штетни гасови и заштита на животната средина; односно активности за развивање на иновативни технологии, услуги и процеси кои што ќе придонесуваат кон пооптимална потрошувачка на електрична енергија.

Според анализите направени од страна на МЛС, предизвикот е од големо значење за Северо Источниот плански регион, а особено за училиштата и учениците на неколку средни школи во Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково, а исто така и за ученичките домови во Куманово и Кратово.

Училиштата во кои треба да се спроведе и имплементира паметното дигитално решение во Северо Источниот плански регион се:

  • „Гоце Делчев“ Куманово;
  • „Перо Наков“ Куманово;
  • „Наце Буѓони“ Куманово;
  • „Киро Бурназ“ Куманово;
  • „Ѓорче Петров“ Крива Паланка;
  • „Митко Пенџуклиски“ Кратово;
  • „Исмет Јашари“ Липково и
  • Ученички дом „Проф. Мијалкович“ Куманово
  • Ученички дом „Митко Пенџуклиски“ Кратово

 

Поттикнување на енергетската ефикасност во средните училишта и ученичките домови

 

Натпреварувачите на овој предизвик треба да се пријават со предлог-проекти кои вклучуваат развој на иновативни производи и/или процеси кои придонесуваат кон ублажување или намалување на потрошувачката енергија и зголемување на енергетската ефикасност.

  • Намалување на потрошувачката на енергија (со имплементација на IoT уреди и паметни модули). Со имплементирање на IoT уреди за контрола, мерење и оптимизација на потрошувачката енергија во зградата.

 

  • Контрола и оптимизација на потрошувачка кај уреди кои користат електрична енергија, греење и климатизацијата.

 

  • Системи за рано предупредување и превенција од опасност и хаварија се дел од карактеристиките на паметна зграда за да се намали непотребната потрошувачка на енергија и со тоа да се намалат штетните CO2 емисии.

 

  • Смарт систем за контрола на енергетската потрошувачка во училиштата со автоматско мониторирање и контрола на сите светла во училиштата.

 

  • Системот сам ќе знае кога да ги вклучи/исклучи светлата, па дури и да намали осветленост во ходниците каде нема движење во моментот.

 

Администраторот ќе има пристап до системот кој може да се програмира да го уклучува училчишното осветлување кога сонцето заоѓа и да го гаси кога сонцето ќе изгрее. Исто така за заштеда на електрична енергија можна е и дополнителна контрола врз уличното осветлување, истата да се исклучува за одредено време преку ноќта. 

 

Од страна на натпреварувачот на предлог-проектот се бара да го одржува системот за контрола на енергетската потрошна, односно да го одржува паметното дигитално решение најмалку 12 месеци.

Спроведувањето на проектот може да биде до 6 (шест) месеци.

Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.

За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 21.525.000,00 (дваесет и еден милиони и петстотини и дваесет и пет илјади) денари.

Од вкупниот буџет на предизвикот, Фондот обезбедува финансиски средства во износ од 12.300.000,00 (дванаесет милиони и триста илјади) денари, остатокот од 9.225.000,00 (девет милиони и двеста дваесет и пет илјади) денари го обезбедува МЛС.

За победничкиот предлог проект, Фондот заедно со МЛС обезбедуваат финансирање од 100% (сто проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 21.525.000,00 (дваесет и еден милиони и петстотини и дваесет и пет илјади) денари.

Доколку нема доволно квалитетни предлог проекти или не се исполнети условите за финансирање, Фондот го задржува правото да не додели финансиски средства.

Повикот е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија. Критериумите за подобност кои треба да ги исполни натпреварувачот се:

  • да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • годишните приходи на натпреварувачот да не надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра во денарска противвредност, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени;
  • Да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања; и
  • да е со мнозинска македонска сопственост (со 51% или повеќе)

Доделувањето на финансиски средства од страна на ФИТР и МЛС на предизвикот „Паметен Школски Менаџмент: Интегриран пристап кон одржливоста“ не претставува државна помош во смисла на член 5 став (1) од Законот за контрола на државна помош, бидејќи директна корист ќе имаат крајните корисници, односно седумте школи во Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково како и двата студенски дома во Куманово и Кратово.

Активности

Предлог-проектот треба да опфати активности за развивање или примена на технологии, услуги и процеси за ублажување или намалување на потрошувачката енергија преку унифициран систем за следење на потрошувачката на енергија: Администраторот ќе може во реално време да гледа податоци за целосната потрошувачка на енергија на зградата, тековниот статус на секој IoT уред што е вклучено во системот (може да се следи и потрошувачка на енергија за секој поединечен уред) и исто така да конфигурира различни сценарија.

 

Активностите може да вклучуваат:

  • Модул за автоматско управување на потрошувачката на енергија:

Овој модул треба да обезбеди сите поставки за автоматско управување на IoT уредите и може да се конфигурира за автоматско извршување на сите задачи. Тој треба автоматски да ги вклучи/исклучи светлата во зависност од осветленоста во просторијата (на пример, ако има доволно светло, не е потребно да бидат вклучени светлата). Модулот треба да ја намали светлината на сијалиците во одредени ходници кога нема движење и автоматски да ги вклучува светлата на 100% осветленост кога се детектира некакво движење. Системот треба да знае кога отвараат и затвараат училиштата и автоматски да ги исклучува светлата кога училиштето не работи.

 

  • Модул за рачно препрограмирање на системот:

Овој модул треба да обезбеди целосно мауелна контрола на горенаведениот автоматски модул. Ова е потребно ако поради некоја причина некои поставки треба привремено да се променат или игнорираат.

  • Модул за контрола и пристап на корисници:

Со овој модул овластен корисник ќе може да додава нови корисници и да им ги ограничи нивните привилегии. На пример, може да биде додаден корисник за мониторирање на состојбата, но нема да може да да прави било какви промени на поставките во системот.

Горенаведената листа на активности не е ограничувачка.

Трошоци прифатливи за финансирање се:

  • бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој; кои што корисникот ќе мора да ги набавува во согласност со одредбите од член 18 од ЗЈН како набавки кои ги субвенционираат договорените страни;
  • Услуги од надворешни експерти/советници/консултанти/поддоговори (за истражување, развој, тестирање, бизнис развој и сл.) “  трошоци поврзани за ангажман на надворешни лица (физички и/или правни лица) за услуги за истражување и развој, тестирање, бизнис развој и слично
  • Други оперативни трошоци директно поврзани со реализација на проектот (до 15 % од вкупниот буџет)’ трошоци дирекно поврзани со проектот пр. наем на деловен простор, режиски трошоци, хостинг, банкарски провизии и слично

Листата на подобни трошоци не е исцрпна.

  • Трошоци за набавка на добра, услуги и работи од домашни јавни претпријатија, освен режиски трошоци;
  • Додатоци на плата;
  • Трошоци за камата или долг на која било страна;
  • Расходи и резервирања за минати и можни идни загуби или долгови;
  • Курсни загуби и казни;
  • Трошоци за  храна и угостителство;
  • Трошоци за регрутирање на кадар (трошоци за објавување на оглас, провизии од агенции за вработување, трошоци поврзани со селекција на кандидати и слично) и трошоци за преселба;
  • Купување на земја или згради, вклучително и реновирање.
  • Готовински исплати од наменската сметка за проектот;
  • Трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на сопственик/ици на Корисникот;
  • Трошоци за консултантски услуги обезбедени од страна на лица кои се вработени кај Корисникот;
  • Извозни активности (трошоци директно поврзани со извоз на производи, со основање и работење на мрежа на дистрибуција и слично)
  • Годишни такси за одржување на патент (со исклучок на добро оправдани случаи преценети како дозволив трошок при евалуација на предлог проектите).
  • Наем на деловен простор од закуподавец кој учествува во активностите на проектот или е поврзано лице со Корисникот;
  • Трошоци за реализација на активности кои претходно биле финансирани од други извори;
  • Набавка на половна опрема и
  • Данок на додадена вредност (ДДВ), во случај кога наградениот субјект има право на поврат на ДДВ

Единствено трошоците настанати за активности спроведени за времетраење на проектот, а кои се во согласност со одобрениот Буџет на проектот ќе се сметаат за подобни трошоци.

Трошоците предвидени во буџетот на проектот треба да соодветствуваат на активностите предвидени во проектната апликација.

Фондот го задржува правото да преговара со победниците по однос на дефинирање на активностите и буџетот на проектот на основа на препораки добиени од Комисијата за оценување и избор (во натамошниот текст: Комисијата), а пред потпишување на Договорот за доделување на награда.

Во случај проектот да се базира на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Натпреварувачот е должен, заедно со предлог-проектот, да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за „in-kind“ придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Натпреварувачот има право на користење на интелектуалната сопственост на која се базираат резултатите од проектот.

Фондот нема да биде одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Натпреварувачот/Корисникот на финансиските средства и трети страни. Натпреварувачот не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на кое било трето лице.

Сите права на интелектуална сопственост и „know-how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот и доколку е применливо, Корисникот треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.

Постапката, од прием на пристигнатите апликации се до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор и доделување на финансиски средства наградените натпреварувачи, се состои од неколку чекори:

  • Административна проверка на доставените документи (дали – документацијата е комплетна и во согласност со условите за подобност наведени во јавниот повик)
  • Прва оцена на предлог-проектот (предселекција)
  • Пичинг односно презентација на предселектираните предлог-проекти пред Комисијата за оценување и избор (опционално)
  • Селекција на најдобри предлог-проекти 

Потпишување на договори

Секој предлог-проект се оценува од Комисија за оценување и избор која се состои од пет членови во состав:

  • Двајца (2) членови – надворешни експерти од областа на предизвикот
  • Двајца (2) членови – претставници на партнерската организација
  • Еден (1) член – претставник на Фондот

Комисијата работи врз основа на Деловник за работа на Комисија за оценување и избор кој се усвојува на првиот состанок на Комисијата.

Главните критериуми за оценување на предлог проектите се:

  • Степен на иновативност
  • Капацитет на проектниот тим
  • Квалитет на проектот
  • Потенцијал за имплементација и одржливост на решението
  • Влијание

Фондот го задржува правото да не додели награда доколку нема доволно квалитетни предлог-проекти или не се исполнети условите за доделување на наградата согласно овие Правила и условите наведени во Јавниот повик.

Главните критериуми и подкритериуми за евалуација на проектите се опишани во образецот на Табелата за оценување.

Проектната документација задолжително се доставува на обрасци изготвени од страна на Фондот. Сите обрасци за аплицирање може да ги преземете со клик на копчето „Преземи документација“.  

При пријавување на јавниот повик потребно е да се достават, потпишани и заверени со печат, следните документи:

  • Уредно пополнет образец за проектна апликација;
  • Уредно пополнет образец за буџет на проектот;
  • Изјава на Натпреварувачот за прифаќање на условите на Фондот;
  • Нотарски заверена Изјава за сопственичка – основачка структура на Натпреварувачот;
  • Уредно пополнет прашалник за животна средина;
  • Кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим, ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик.

Проектната документација заедно со кратки биографии да се прикачат на формуларот со клик на копчето „Аплицирај“.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 05/10/2023 година, до 14:00 часот.

За финансирање ќе бидат земени во предвид само оние предлог проекти кои се доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.

Правилата и процедурите за спроведување, следење и надзор на проектот се дефинирани во документот  Правила за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 20.01.2020 година, Правила  за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 16.03.2020 година и Правила  за дополнување на Правилата за организирање и спроведување на натпревари и предизвици за поттикнување на иновативноста во приоритетните области од науката и технологијата од 01.06.2020 година (pdf).

За сите прашања и дополнителни информации поврзани со овој повик можете да ја користите електронската адреса: shkolskimenadjment@fitr.mk

За презентација на правилата и условите за аплицирање на овој повик, Фондот ќе организира инфо-настани. Информациите за датумите на одржување на инфо-настаните ќе бидат навремено објавени на веб-страницата на Фондот како и на социјалните мрежи (Фејсбук и Инстаграм).