Неделата зад нас беше исклучително динамична и богата со значајни настани
Меѓу нив е и ТвинТек Конект 2025. ТвинТек Конект 2025 не беше само конференција, туку вистинска алатка за поврзување, развој и трансформација на иновациите во конкретни решенија што носат вредност за економијата и општеството.
Минатата недела имавме можност да ги споделиме активностите на #ФИТР насочени кон унапредување на иновацискиот екосистем и трансферот на технологии.
Во согласност со „Стратегијата за паметна специјализација“, како држава во следниот период се насочуваме кон:
развој на институционална инфраструктура,
креирање на платформи за иновации, знаење и соработка,
основање на национална канцеларија за трансфер на технологија – како клучен чекор за поврзување на науката и индустријата.
Паралелно, активно работиме на реорганизација на Фондот, со цел да создадеме поефикасен и модерен модел што ќе ги обедини грантовите, инвестициските инструменти и трансферот на знаење во еден функционален и европски усогласен систем за поддршка на иновации и технолошки развој.
Неделата ја завршивме со уште поголема мотивација и јасна визија:
организиравме Western Balkans R&I Youth Awards – Pitching Day и ги наградивме најиновативните младински иницијативи во регионот,
спроведовме меѓународна обука за мониторинг и евалуација, насочена кон јакнење на институционалниот капацитет на Фондот,
учествував на стратешки сесии во рамки на Policy Answers, посветени на кохезиска политика и регионална иновациска соработка.
Верувам дека со овие чекори поставуваме темели за долгорочен и одржлив иновациски напредок – каде што јавниот и приватниот сектор заедно го движат развојот на Македонија.