Продолжува соработката со LEAD- Leaders for Education, Activism and Development

Среќни сме што продолжува нашата повеќегодишна соработка со LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, преку која се спроведува „Програмата за социјално претприемништво – UPSHIFT”, поддржана од ФИТР и UNICEF MK.

ДФИТР Фестим Халили истакна дека ФИТР секогаш настојува да поддржи иницијативи и проекти кои имаат за цел да ги поддржат младите и идни претприемачи во реализација на нивните идеи. Со потпишувањето на овој договор, обезбедуваме финансиска поддршка за талентираните средношколци од училишта од целата држава, да работат на еко – решенија за предизвиците на животната средина и климатски промени.