Реализирани обуки во рамки на ИПА проектот „Establishing Greening Business Facility”

Во рамките на ИПА проектот „Establishing Greening Business Facility” кој се спроведува од страна на ФИТР, a поддржан од Европската Унија, се организираа тридневни обуки наменети за вработените во ФИТР.

Во рамките на обуките имавме можност да ги слушнеме најдобрите практики на институции кои поддржуваат иновации од страна на земјите од Западен Балкан, успешни стратегии, практики и процедури кои се спроведуваат, со фокус на институции од Шпанија и Хрватска. Беше спроведена “swot” анализа на ФИТР и беа идентификувани силни и слаби страни и потенцијални можности за подобрување на перформансите.

Во рамките на проектот, во наредниот период ќе бидат спроведени дополнителни обуки со цел да се зајакне капацитетот и ефективноста на институцијата.