Свечено отварање на Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ)

ДФИТР Фестим Халили денеска присуствуваше на свеченото отварање на Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија кој се одржува во Скопје.

Особено сме горди на фактот што Фондот за иновации и технолошки развој е номинирана државна институција од страна на Владата на Република Северна Македониа, која го започна процесот на акредитација кон Зелениот Климатски Фонд. Со успешното акредитирање, ФИТР ќе биде единствено национално тело кое ќе има директен пристап кон финансиските инструменти на Зелениот климатски фонд и ќе овозможи поголема поддршка кон зелените инвестиции.

Со овој чекор, ФИТР активно се вклучува во глобалниот предизвик на справување со климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој.