"Start-up pitch & Networking" настан организиран заедно со Џетро - Јапонска организација за надворешна трговија

Денеска во  ФИТР имавме успешен “Start-up pitch & Networking” настан, кој го организиравме заедно со Џетро – Јапонска организација за надворешна трговија.

Шест стартап компании кои се поддржани од ФИТР, имаа можност да се претстават пред делегација составена од Амбасадорот на Јапонија г-дин Казуја Отсука, како и претставници на голем број јапонски компании. Ги отворивме вратите и овозможивме меѓусебна соработка, инвестиции и идни партнерства помеѓу стартап компаниите од двете земји.

Стартапите се главни двигатели на една иновативна економија и особено сме горди што тие ги сочинуваат речиси 60% од портфолиото на ФИТР. Во тек е шестиот по ред јавен повик ” Стартапувај 6″ наменет за истражување и развој.