ДФИТР дел од конференцијата вештачка интелегенција и човекови права

ДФИТР Фестим Халили се обрати на конференцијата “Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговотност” во организација на Фонадацијата Метаморфозис. Следејќи ги светските процеси и новите дигитални трендови, ФИТР го објави првиот јавен повик за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција. АДА е веќе достапна на веб страната на Фондот и обезбедува неопходни информации за инструментите за финансиска поддршка на компаниите и граѓаните.

ДФИТР Халили истакна дека е горд на македонските компании кои развиваат вештачка интелигенција и кои со поддршка од ФИТР го освојуваат покрај домашниот и глобалниот пазар. ФИТР ја поддржа оваа просперитетна индустрија со речиси 800 илјади евра, додека самите компании вложиле 370 илјади евра во развој на производи и услуги базирани на ВИ.