ФИТР и УСАИД - "Младите активно создаваат можности" потпишаа меморандум за соработка

ФИТР и USAID North Macedonia – “Младите активно создаваат можности” потпишаа меморандум за соработка преку кој се зајакнуваат претприемачките вештини кај младите.

Со потпишувањето на меморандумот, ФИТР активно се вклучува во реализација на проектот на УСАИД Македонија „Младите активно создаваат можности”, преку кој заеднички ќе го реализираме предизвикот „Центар за обука за зелени работни места” кој е наменет за млади претприемачи.

Предизвикот има за цел да обезбеди обука за развој на вештини за младите во Северна Македонија во различни сектори за зелени работни места.