ДФИТР Фестим Халили оствари средба со Амбасадорката на Израел, г-ѓа Симона Франкел

Израел е една од водечките нации во полето на иновации на глобално ниво и претставува клучен партнер и голем пријател на нашата држава.

Денеска со големо задоволство ДФИТР Фестим Халили ја пречека Амбасадорката на Израел за Република Северна Македонија, г-ѓа Симона Франкел.

Соработката помеѓу ФИТР и Амбасадата на Израел дава значаен придонес за поттикнување и унапредување на иновациите во сите сектори.

Во рамките на состанокот, беа споделени искуства и идеи кои ќе бидат од големо значење за доразвивање на нашиот стартап екосистем, унапредување на сајбер безбедноста, но и остварување на нови соработки меѓу двете земји.