ФИТР и Финска Амбасада организираа панел дискусија „Иновации и старт-ап екосистем: искуства и најдобри практики од Финска”

Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Амбасадата на Финска за Република Северна Македонија, организираа панел дискусија „Иновации и старт-ап екосистем: искуства и најдобри практики од Финска”, на кој стартап компаниите од земјата имаа можност да ги слушнат главните причини и поенти за успехот на финскиот стартап екосистем.

Финска има едно од најдобро развиен стартап екосистем, кој е рангинран на 14-то место на глобалната стартап сцена, овозможувајќи голема поддршка за развој на старт-апи со иновативни идеи, можност за нивен развој и глобализација.

На панелот, воведни обраќања имаа: Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој и Кимо Лахдевирта, Амасадорот на Република Финска во земјата. Одлична дискусија и размена на знаења имаше за време на панелот, на кој учествуваа финските експерти: Оли Синерма, советник Бизнис Финска, Џејн Сикко, советник за Југоисточна Европа во Амбасада на Финска, Тему Сепала, советник Startups Soft Landing, град Хелсинки како и Игор Маџов од Стартап Македонија.