ДФИТР Фестим Халили пречека делегација на УСАИД на работна средба

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката во рамките на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу ФИТР и УСАИД преку заеднички проекти и активности во идниот период, особено насочени кон зајакнување на економската компетитивност и продуктивност на МСП во земјата, како и создавањето атрактивни можности за младите. Истотака, во рамките на Стратешкиот дијалог со САД, ФИТР со поддршка на УСАИД ќе воспостави соработка со слични јавни и приватни фондови во САД, со цел размена на искуства, трансфер на знаење и најдобри практики од САД во Северна Македонија.