Во рамките на конференцијата „Дигитална трансформација за граѓаните” се одржа панел дискусијата „Заштита на приватноста во свет управуван од вештачка интелигенција” на која свое обраќање имаше ДФИТР Фестим Халили.
Вештачката интелигенција е следен неизбежен чекор во дигиталната револуција и претставува огромна можност и потенцијал за малите држави а особено за малите компании – стартапите. Факт е дека бројот на стартапи кои развиваат вештачка интелигенција во своите производи во нашата држава е значително мал во споредба со бројката на глобално ниво, но несомнено е дека оваа индустрија има голем потенцијал за развој во нашатата земја, кој треба да се поттикне преку создавање на услови за нивен развој.
„Како почеток на нашата заложба за поддршка на овој значаен сектор, ФИТР започна иницијатива за креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција, која ќе ги поттикне инвестициите во вештачка интелигенција на стартап компаниите. ФИТР го објави и првиот јавен повик за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, од кој произлезе „АДА” проект на компанијата Кодвел, дизајниран за потребите на програмите за државна помош, за кого наскоро ќе имаме промоција. Во портфолиото на ФИТР, досега имаме поддржани девет компании од областа на вештачка интелигенција, во кој ФИТР инвестираше преку 750 илјади евра. Горди сме на овие компании кои успешно работат во полето на вештачка интелигенција и секојдневно покажуваат дека во Македонија има место и услови за развој на успешни претприемачки приказни” истакна Халили.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |