Започнаа инфо сесиите за јавниот повик кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Започна серијата на инфо сесии кои се одржуваат во рамките на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на ФИТР.

Денеска се одржаа три инфо сесии со компании од југоисточен, источен регион и Стопанска Комора на северозападна Македонија, на која тимот на ФИТР ги презентираше условите, критериумите и начинот на аплицирање.

Целта на јавниот повик е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Јавниот повик е отворен до 15.06.2022 година.

Повеќе информации за повикот на: https://fitr.mk/забрзан-раст-2/