Меѓуинституционална средба ФИТР и Агенција за примена на јазикот (АПЈ)

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Фестим Халили и директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села придружуван од неговиот тим, денеска одржаа работна средба со цел воспоставување на поинтензивна соработка.

Во оваа прилика, Села и Халили разговараа за меѓуинституционалната соработка во областа на лингвистиката. Конкретно, се зборуваше за консултации за терминолошките аспекти и превод на обрасци и други документи кои Агенцијата се обврзува да ги преведе за Фондот.

Состанокот е во служба на поддршката што АПЈ ја дава на сите јавни институции во државата.