ДФИТР Фестим Халили на средба со заменик-амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Ернесто Хередеро дел Кампо

Главниот фокус на средбата беше продолжувањето на успешната соработка и пријателските односи помеѓу Шпанија и С. Македонија, со особена посветеност на зголемување на соработката во сферата на науката, технологиите и културата.

Беа разгледани можностите за заеднички проекти и соработка помеѓу компаниите и стакехолдерите – влијателните фактори на старт-ап екосистемот од Шпанија и С. Македонија, преку поврзување на приватниот сектор и академијата.

Важно е да се спомене вложувањето во насока на заеднички програми за младите од нашата земја и од Шпанија, за основање на старт-ап компании и меѓусебна соработка, како и промоција на Шпанија како дестинација за мастер и докторски студии на студентите од овде.