ДФИТР Халили дел од првата седница на заедничката работна група за економија, трговија и иновации помеѓу Северна Македонија и Бугарија

На првата седница на заедничката работна група за економија, трговија и иновации помеѓу Северна Македонија и Бугарија, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, ја презентираше работата на Фондот како и програмата за 2022 година.

ДФИТР Халили пред бугарските колеги стави особен акцент на соработката помеѓу Центрите за истражување и работа на заеднички проекти меѓу двете држави.

Со бугарската делегација предводена од министерот за иновации и раст, Даниел Лорер, беа разменети и нови иницијативи за соработка на полето на иновации, структурирање на финансиски инструменти, поддршка на стартапите, заедничка поддршка на компаниите од двете земји.​