Почитувани,
Во последните неколку дена со различни невистини и шпекулации, беа доведени во прашање квалитетот и одржаноста на проектите избрани од Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), во рамките на јавниот повик „Стартапувај 3“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој.
Од тие причини ѝ се обраќаме на јавноста, со цел појаснување за селекцијата на проектите и нашата улога во целиот процес на евалуација на проектите и донесувањето на конечни препораки за проектите за инвестициски одлуки преку процесот на гласање на членовите на КОИ.
Членовите на комитетот и јас како претседател на КОИ, се вклучивме во процесот затоа што веруваме во потенцијалот и иновативноста на македонските компании. Со своето професионално искуство и меѓународна експертиза, пред сѐ сакаме да помогнеме за унапредување на иновативните проекти во државата на транспарентен и правичен начин. Членовите на Комитетот за одобрување инвестиции имаат огромно меѓународно искуство во спроведување на такви проценки за бројни владини агенции, мултилатерални развојни банки, Европската комисија и познатите стартап акцелератори на приватниот сектор во други земји. Тие се придржуваат до највисокиот сет на стандарди при спроведувањето на овие проценки, како меѓународно така и во С. Македонија.
Како што е веќе познато во јавноста, никој од вработените на ФИТР не учествува во процесот на селекција на компаниите кои ќе добијат финансиски средства (освен во делот на административната проверка, која е ограничена на тоа дали документацијата е комплетно доставена).
Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од 3 домашни стручни лица. Секоја компанија која има над 51 поен, поминува во финална селекција, а финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции. При носењето на финалната одлука, проектите ги евалуираме според следните критериуми:
Целиот процес на одлучување, го правиме комплетно независно, без какви било надворешни импути или притисоци. Секој од петте членови на КОИ, индивидуално го оценува секој проект по што на крајот се собираат оценките и се вади просечниот број на поени. Заеднички, единствено дискутираме за проектите кои имаат најголем бизнис потенцијал.
Во одредени ситуации, на апликантите им организираме „пичинг“, со цел подобро да се запознаеме со целта која апликантот сака да ја реализира преку својот проект.
Годинава, до нас пристигнаа навистина голем број квалитетни проекти, но поради ограничениот вкупен буџет и фактот дека ова е натпреварувачки процес, не бевме во можност да одобриме финансирање на сите.
Секогаш ги охрабруваме апликантите да ги подобрат своите идеи и да аплицираат повторно и во таа насока, на сите одбиени апликанти им ги испраќаме своите коментари.
Жалиме што поради собирање на политички поени се напаѓа работењето на Фондот за иновации и технолошки развој, но ние ќе продолжиме своето знаење и време да ги инвестираме во одличните идеи и иновации, бидејќи сметаме дека Северна Македонија има навистина одличен стартап потенцијал.
За сите прашања поврзани со процесот на оценување и поддржаните проекти, достапни сме да одговориме на прашањата од медиумите и целокупната јавност.
Со почит,
Членови на комитетот: Марвин Лиао (претседател), Вибу Шарма, Ноел Грегор Петерсон-Џоунс, Ашер Сидики и Гунтер Фелингер.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |