Домашните стартапи кои се во рана фаза на развој, односно веќе имаат продукт (услуга), како и изработена понуда за пласирање на нивните продукти, ќе добијат бесплатна менторска програма развиена од Фонд за иновации и технолошки развој и PwC Северна Македонија.
Главната цел на менторската програма The Catalyst е зајакнување на капацитетите на стартапите на теми и области кои се значајни за секојдневното работење, здобивање со нови знаења и вештини, како и олеснување на пристапот пред потенцијални инвеститори.
„Годинава имавме серија активности со цел трансформација на стартап екосистемот. За нас е од голема важност менторирањето кај претприемачите, преку кое имаат шанса да научат како да се справат со предизвиците во бизнисот, да развијат лидерски вештини и да го унапредат претприемачкиот дух и затоа за активните корисници на ФИТР со години обезбедуваме менторирање од домашни експерти. Развивањето на новата менторска програма The Catalyst е одличен пример за соработка меѓу државна институција и приватниот сектор со цел домашните стартапи да добијат вештини и знаење кои ќе ги направат подготвени за светските пазари “ посочи Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Започнувајќи од проектен менаџмент, како основа за добро раководење, па се до развој на производи, финансии и пристап до инвестиции и подготовка на „pitch decks“, стартапите ќе имаат можност преку интерактивни предавања да се запознаат повеќе со овие тематики. Програмата ќе ја спроведат експерти од PricewaterhouseCoopers (PwC), како и надворешни експерти со долгогодишно искуство во соодветните полиња како нивен придонес кон стартап заедницата и бизнис заедницата генерално.
„Потенцијалот за соработка помеѓу корпорациите и стартапите е огромен. За да функционира оваа соработка, двете страни треба да ја третираат како партнерство, да бидат отворени за учење и да ги прифатат разликите. PwC e голем поддржувач на стартап екосистемот насекаде во светот преку разновидни програми, обуки и овозможување на стартапите да пристапат до разни извори на финансирање. Ни претставува привилегија што ова ќе го овозможиме и тука заедно со ФИТР. The Catalyst програмата е мал дел од нашиот придонес кон стартап заедницата и се надеваме дека ќе помогне стартапите кои ќе учестуваат да добијат вредни информации и „know-how“ со цел нивен и наш понатамошен развој“ -изјави Драган Давитков, директор на PwC Северна Македонија.
Предавањата ќе траат од 22.11 до 14 декември годинава, од 18 до 20 часот на платформата Zoom и ќе опфатат 8 различни теми кои се клучни при развојот на еден бизнис:
Сите заитересирани за програмата ќе можат да најдат повеќе инфо и да се пријават од 9.11 до 18.11.2021 до 14ч на следниот линк: https://fitr.mk/менторска-програма-за-early-stage-стартапи/ . Поради ограничениот број на учесници пријавувањето ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |