Уметноста и културата отсекогаш се користеле за испраќање на одредени пораки и за креирање одредено влијание. А графичкиот дизајн е една од културните форми која последниве години се почесто се наметнува и преку која младите и креативни умови испраќаат одредени пораки.
Со комуникацискиот дизајн, Вие не креирате само дизајн туку истовремено и одредена порака. Порака со одредена цел и намера таа да стигне до посакувата публика.Графичкиот дизајн дури во одредени ситуации има поголема моќ за влијание отколку самите пишани зборови. Не е случајно што луѓето многу повеќе реагираат на визулените форми, кои им го привлекуваат вниманието.
Имате завршено факултет за графички дизајн во земјава, а школувањето го продолживте во Амстердам. Колку престојот во странство ви отвори нови хоризонти и перспективи?
Да јас на два наврати, по три месеци, преку програми за размена бев во Амстердам, на Amsterdam University of Arts. Таму имав можност да запознаат нова култура, да почувствувам една нова за мене уметничка енергија, да доживеам нова култура која не знае за стереотипи и граници. Или како што еден мој професор кажа „Една дестинација никогаш не е место, туку нов начин на гледање на нештата“. Новата средина, значи и учење на нови работи, нови идеи и практики кои доколку останеш затворен во својата локална средина, можеби и нема да се случат. Престојот во странство е вистинска можност за надградба, за пробување нешто ново, за зголемување на уметничката самодоверба.
Дали постои некој тренд во графичкиот дизајн, последниве години?
Да, тоа е т.н. Flat Design или дизајн со пригушени бои.
Се користи многу во последно време, бидејќи овозможува дизајнот да изгледа посветол, ја истакнува едноставноста, а истовремено импресионира.
Дали може да истакнете еден или два проекти на кои сте работеле, а кои посебно ве исполниле?
Моите дизајни на маици, секако се нешто што посебно ме прави горд, но тука е и комплетниот дизајн и бренд идентитет кој го креирав за проектот Modi Mall & Modi Living во скопската населба Бутел, кој излезе одличен.
Кога станува збор за дизајн, дали клиентите ви сугерираат нешто или имаат доверба во вашиот производ и ве оставаат сами да креирате?
Имам различни искуства. Некогаш клиентите сугерираат, друг пат оставаат на мене, но генерални повеќето имаат доверба и затоа сакаат да работиме заедно. Најважно е што на крај излегуваат добри дизајни.
Која е вашата порака за младите дизајнери кои сакаат да формираат свои графички студија?
Да бидат храбри и решителни. Не е лесно, треба посветеност и желба, голем број работни саати во текот на денот, но секако вреди да се инвестира во себе!
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |