Многу иновативни идеи, креативни решенија и нова енергија презентираа 130-те ученици од средните училишта кои учествуваа на „Националниот натпревар на најдобри ученички компании за учебната 2022/2023 година” во организација на Џуниор Ачивмент Македонија.
ДФИТР Фестим Халили се обрати на завршниот настан на натпреварот и им честиташе на храброста и трудот кој го вложија учениците, кои имаат желба да станат идни успешни претприемачи „Јас, како личност која доаѓа од образовниот сектор, но и како директор на институција која има мисија да ги поддржи сите оние кои имаат креативни идеи, можам да кажам дека успешен претприемач е оној претприемач кој никогаш не се откажува, туку напротив постојано е во потрага по нови предизвици, нови знаења и искуства. Затоа ве охрабрувам и вие никогаш да не се откажете, туку да го следите вашиот сон, вашата визија која ќе ве мотивира и води низ вашето патување. Искуството кое го добивте со учество на овој натпревар ќе ви овозможи да научите како се раководи со проекти и како се води бизнис, да работите тимски и станете финансиски независни” истакна Халили.
ФИТР е секогаш тука да го поддржи креативниот потенцијал на младите, преку нашите инструменти и програми, наменети за поддршка на иновативните идеи на младите претприемачи.
Организациите како Џуниор Ачивмент се особено важни за нашата држава, бидејќи придонесуваат за поттикнување на претприемништвото, на креативното размислување и на креирање на нови работни места. За ова зборува фактот што ФИТР, континуирано четири години по ред го поддржува најголемиот средношколски натпревар за иновации, кој им овозможува на учениците да започнат со основите на претприемништвото и бизнисот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |