ФИТР со нов јавен оглас за практикант

Врз основа на член 4 од Законот за практиканство (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19 и 103/21), Фондот за иновации и технолошки развој објавува:

                   ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

                                                                                              БРОЈ 01/2023

Врз основа на член 4 од Законот за практиканство (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19 и 103/21),Фондот за иновации и технолошки развој распишува ЈАВЕН оглас за ангажирање на 1 (еден) практикант во следнава организациона единица:

  • Еден практикант во Сектор за програмски активности, Одделение за спроведување на програми, студент прв или втор циклус на студии или да е дипломиран студент на прв или втор циклус, од областа на економски науки, компјутерска техника и информатика или правни науки.

Периодот на траење на практикантската работа изнесува 6 (шест) месеци.

Работното време на практикантот е 40 часа неделно (полно работно време).

Практикантот има право на надоместок за практикантската работа, утврден согласно Законот за практикантство, односно од 42% до 74% од минималната нето плата утврдена со закон, за практикантска работа до 3 месеци и во висина на минимална нето плата, утврдена согласно со закон, за практикантска работа над три месеци сметано од четвртиот месец.

Услови кои треба да ги исполнува практикантот:

  • Да не е во работен однос,
  • Да не е постар од 34 години,
  • Да е студент на прв или втор циклус на студии или да е дипломиран студент на прв или втор циклус,
  • Да поседува добри комуникациски вештини,
  • Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење,
  • Да има солидно познавање на англиски јазик,
  • Да има познавање на Microsoft Office пакетот.

Документи за аплицирање:

  • Биографија (CV) на апликантот,
  • Мотивационо писмо,
  • Доказ за видот на образованието што е во тек (копија од индекс/потврда од факултетот)/ копија од диплома/уверение за завршено високо образование (за дипломирани),
  • Копија од уверение за државјанство

Фондот за иновации и технолошки развој ги поттикнува сите млади невработени лица, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на објавениот оглас и да ги искористат можностите за практиканство кое подразбира работа преку учење и стекнување на практични работни вештини со цел стекнување на практично и професинално искуство, за да се подобри вработливоска и да се помогне преминот кон редовно вработување.

При ангажирањето на практикантите, ќе се применува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.

Потребната документација да се достави во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на Фондот за иновации и технолошки развој, односно до 16.05.2023 година, на следнава емаил адреса praktikanti@fitr.mk,  со назнака ,,за јавен оглас за практиканти во Фондот за иновации и технолошки развој”.