ФИТР со менторска поддршка за апликантите на повикот за социјално претприемништво RISE Journey 4

Продуктивен состанок заедно со г-дин Владимир Ѓорѓевски, директор  на канцеларијата за Македонија на Regional Youth Cooperation Office (RYCO), организација основана од Western Balkans 6 (WB6).

RYCO ја спроведува програмата RISE, која оваа година го објави четвртиот повик за поддршка на младите социјални претприемачи од Западен Балкан.

Со големо задоволство, ФИТР активно се вклучува во реализација на повикот, со менторска поддршка преку кој ќе им дадеме шанса на многу млади луѓе од регионот да ги трансформираат своите иновативни идеи во одржливи социјални претпријатија.

На повикот се бараат нова генерација млади луѓе на возраст меѓу 16 и 35 години од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија) решени да направат социјални или еколошки влијанија во нивните заедници.

Повеќе информации за повикот на : https://www.risewb.org/apply-for-rise-journey/