Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој присуствуваат на еден од најзначајните европски настани за јавни политики и економски развој – конференцијата “Enhancing Cohesion Policy’s Impact for Jobs, Skills, and Competitiveness”, која се одржува во Берлин, во организација на Светската банка во соработка со Европската комисија.
💡 Настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на искуства, модели и пристапи поврзани со тоа како европската кохезиска политика може уште поефективно да придонесе за:
- поттикнување на вработување,
- развој на вештини,
- дигитална и зелена транзиција,
- унапредување на конкурентноста и иновациите,
- јакнење на социјалната инклузија, особено во помалку развиените региони.
🔍 Претставниците на ФИТР учествуваат во тематски работилници и дискусии посветени на адаптивна имплементација на јавни политики, користење на податоци и иновативни алатки за зголемување на ефектите од поддржаните програми.
✅ За институции како ФИТР, кои секојдневно работат на подобрување на инструментите за поддршка на иновации, стартапи и економски развој, оваа конференција претставува вредна можност за внесување на нови знаења и европски практики, кои ќе овозможат понатамошно унапредување на транспарентноста, ефикасноста и резултатската ориентација на програмите што ги спроведуваме.