Фондот за иновации и технолошки развој и Акцелераторот УКИМ како Национален секретар на ЕИТ, денеска потпишаа меморандум за соработка со цел да се зајакне образованието, иновациите и создавањето на нови бизниси, како клучни двигатели за одржлив раст и конкурентност на македонската економија.
Преку заедничката соработка, ќе се поттикнат македонските компании активно да земат учество во отворените можности за финансирање на проекти преку достапните инструменти за финансирање на ФИТР, како и во отворените повици на ЕИТ за: климатски промени, дигитализација, енергија, здравје, суроввини, храна, производство, урбано движење и култура и креативност.
„Соработката на ФИТР и Акцелераторот УКИМ е потврда за заедничката заложба во поттикнување на иновациите, истражувањето и претприемништвото во нашата држава. Особено ме радува што со оваа соработка, во текот на наредниот период интензивно ќе работиме на развивање на трите компоненти кои се приоритетни за економскиот развој на Република Северна Македонија: подобрување на конкурентноста и продуктивноста на домашните компании, создавање на атрактивни можности за вработување и привлекување на младите да развиваат иновативни решенија на пазарот” изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Со овие активности се предвидува и поддршка на нова генерација истражувачи, инженери, претприемачи и иноватори во областите во кои ЕИТ има активности, како и да се подигне нивото на учество на приватниот сектор од Република Северна Македонија во можностите кои ги нудат ФИТР и ЕИТ.
„Како Национален секретаријат на ЕИТ со кој раководи Акцелераторот УКИМ, ќе се обезбедува централизиран извор на информации за сите услуги и можности кои на иноваторите им се обезбедени од целата ЕИТ заедница, која брои повеќе од 3.200 партнери од врвни деловни, истражувачки и образовни организации и со над 70-на иновативни центри низ Европа и вкупен годишен буџет од над половина милијарда евра” потенцираше Александар Стамболиев, национален Секретар на ЕИТ во Македонија.
Во рамки на Меморандумот, предвидени се и организирање на настани со цел заинтересираните корисници да се информираат за можностите и програмите кои овозможуваат поддршка за развој и унапредување на сопствените производи и/или услуги, услуги за различи аспекти од деловното работење, преку поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат да ја развијат нивната идеја и подготвување на заеднички проекти кои ќе придонесат кон развој на македонската економија.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |