ФИТР домаќин на делегација на Република Молдавија

Денеска ни беше чест да бидеме домаќини заедно со Стартап Македонија на делегацијата на Република Молдавија, предводена од градоначалници на пет општини од оваа земја и претставници од стартап заедницата.

Во рамките на состанокот, ДФИТР Фестим Халили го пренесе искуството од процесот на развој на стартап екосистемот во нашата земја, програмата за работа на ФИТР и инструментите за поддршка на стартап компаниите.

Ваквите средби се од големо значење за развивање на стартап екосистемите на двете земји и поттикнување на нови иницијативи со кои ќе се поддржат претприемачите.