ФИТР дел од настанот “Sustainability and Climate Change – International Perspective”

Денеска во ФИТР се одржа предавање на тема: “Sustainability and Climate Change – International Perspective”, каде гости ни беа студентите од Универзитетот за применети науки Мителхесен од Германија, ТТК Универзитетот за применети науки од Естонија и Коимбра Институтот за инженерство од Португалија,

Настанот го организиравме со соработка со Меѓународниот балкански универзитет, во склоп на Еразмус+ програмата, а предвањата беа во насока на запознавање со теми кои не засегаат сите нас: климатските промени, зелена економија, екологија и заштита на животната средина.

ФИТР ја презентираше активностите и проектите кои ги превземаме од аспект на заштита на животната средина и климатски промени.

Имавме можност да слушнеме и успешни бизнис приказни од страна на компаниите: АгФутура, План Енжинеринг и ГринАгро, кои се корисници на финансиска поддршка од ФИТР.