Учество на ДФИТР Фестим Халили на научната конференција „Научни предизвици за одржлив развој”

ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на научната конференција „Научни предизвици за одржлив развој”, кој се одржа во соработка со Универзитет Бизнис Колеџ – Тирана, Лодз Технолошкиот Универзитет од Полска и Интернационалниот Универзитет во Струга.

Во рамките на настанот, ДФИТР Халили ја истакна потребата од поголема поддршка и вложување во наука и истражување, за да се овозможи одржлив и просперитетен развој.

Со своите активности, ФИТР значително придонесува во поддршка на научни проекти и проекти кои се засноваат на истржување и креирање на иновативни решенија, кои креираат позитивни промени во општеството.