Техничка помош за повикот „ Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

Отворена можност за техничка помош за апликанти на повикот „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”.

Целта на техничката помош е да се овозможи на сите заинтересирани потенцијални апликанти на повикот, преку консултативни сесии со експерти да го подобрат квалитетот на апликациите кои ги подготвуваат.

Доколку сте заинтересирани за техничка помош, можете да се пријавите на следниот е-маил:komercijalizacija2024@fitr.mk , со наслов: Пријава за техничка помош.

Податоци кои се потребни да се наведат во меилот:

  • Име и презиме
  • Компанија
  • Телефонски број
  • Меил адреса

Пријавувањето за техничката помош е заклучно со 21.05.2024 година, најдоцна до 15:00 часот, по што ќе следи реализацијата.