Средби на ДФИТР Фестим Халили во рамки на американскиот конгрес

За време на американскиот конгрес кој се одржува во Вашингтон, #ДФИТР Фестим Халили оствари средба со конгресменот Пит Сешнс, со кого споделија искуства и ставови кои се од интерес за развој на двете земји како и можноста за остварување на стратешко партнерство.

Во рамките на конгресот, ДФИТР Халили оствари средба и со конгресмените Трејси Ман и Кејт Селф, со кои беше разговарано за неодамнешните случувања во земјата и регионот. Технолошките револуции кои ги постигнува САД се од големо значење и претставуваат неопходност за развој и технолошки напредок во нашата земја.

Воедно, на конференцијата организирана во Конгресот се разговараше и за акутелни политички и развојни тем