Средба на ДФИТР Фестим Халили со постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Армен Григорјан

ДФИТР Фестим Халили оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија, Армен Григорјан и раководителот на Единицата за демократско управување во УНДП, Билјана Цветановска Гугоска и раководителката на секторот за инклузивен просперитет во УНДП, Сузана Ахмети Јањиќ.

На средбата се зборуваше за продолжување на заедничката соработка помеѓу ФИТР и UNDP, унапредување на работата на Фондот со изработка на нов Закон за иновациска дејност, изработка на Gender Equality Plan преку кој ФИТР би можел да земе учество во Хоризонт Европа, програмата за истражување, развој и иновации на Европската Унија, како и продолжување на веќе отпочнатите разговори со УНДП за обезбедување поддршка во изработката на Националната стратегија за вештачка интелигенција.

Дел од разговорот беше посветен и на потенцијалната соработка на нови јавни повици кои би придонеле за развој на претприемништвото во Северна Македонија, реализација на нови, иновативни бизнис идеи и подобрување на деловната клима.