Работен состанок со делегацијата на Зелениот климатски фонд

ДФИТР Фестим Халили, заедно со потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања г-дин Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова денес остварија работен состанок со делегацијата на Зелениот климатски фонд, предводена од г-ѓа Нонхланхла Зиндела, заменик директор на одделението за програми на земјите.

Работниот состанок се одржа во рамките на Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и Централна Азија, кој се одржува во Скопје од 18 до 22 март 2024 година.

На состанокот беше констатирана успешната соработка на Северна Македонија и Зелениот климатски фонд, со 5 одобрени проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка. Истакната беше заложбата на Фондот за иновации и технолошки развој да биде акредитиран во ЗКФ како прва институција во државата која како акредитирано национално тело ќе има директен пристап до финансиските инстументи на Фондот и ќе биде мост до нив за домашните претпријатија и нивните зелени проекти и идеи, со што заеднички како државата ќе придонесеме во соочувањето со предизвиците од климатските промени и во постигнувањето на целите за одржлив развој.