Започна натпреварот!
Во просториите на ФИТР денеска официјално започна Western Balkans R&I Youth Awards – Pitching Day, каде што најдобрите млади иноватори од регионот го презентираат својот труд, визија и претприемачки дух.
Тимовите имаат можност да ги претстават своите идеи пред стручна жири-комисија, составена од експерти во областа на иновации, бизнис и наука. Идеите се смели, иновативни и ориентирани кон решенија кои носат вистинска вредност за заедницата и економијата.
Денешниот настан е повеќе од натпревар – тој е платформа за препознавање и поддршка на младинскиот потенцијал, поттикнат од проектот Policy Answers и визијата на ФИТР за општество засновано на знаење и иновации.
Во фокус сме на иднината – со поддршка и на младите, и на оние кои секојдневно работат на креирање подобри политики и програми.
Погледнете го видеото