Со користење на возила на електричен погон јавниот превоз би имал нула негативно влијание врз животната средина
Секоја есен се актуелизира прашањето со аеро загадувањето. Проблем со кој се соочуваат голем број на граѓани низ нашата земја. Тетовчани и скопјани се посебно погодени. Загадување кое е причинето поради издувните гасови од фабричките оџаци, од употребата на несоодветни материјали при загревање на домовите, од старите нееколошки автомобили, што севкупно влијае да имаме несоодветни услови за живеење, што негативно се одразува врз квалитетот на животот.
Токму на ова поле македонската компанија BB Classic Cars има алтернативно решение кое делумно може да помогне во намалувањето на овој проблем. Оваа компанија е единствена во регионот која е сертифицирана за трансформација на конвенционални мотори во електрични мотори. Електричен мотор кој не загадува и овозможува заштеда на енергија, и кој само со едно полнење на батеријата може да помине 100 км, по цена од само половина евро.
Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, а широката примена на овој електричен мотор Милорад Китановски, менаџер на BB Classic Cars ја гледа како решение за намалување на загаденоста. Со употреба на вакви возила во јавниот превоз, како такси возила, комунални возила и сл. како јавен транспорт, би имале нула негативно влијание врз животната средина од сите овие возила.
Загадувањето на Скопје, како и на другите градови е комплексен проблем. Статистиката е немилосрдна и според последните мерења на загадувањето во нашиот град, скоро 30% од вкупното загадување доаѓа од издувните системи на автомобили. Ова е навистина висок процент што укажува на тоа дека сите треба повеќе да се ориентираме кон употреба на електрични автомобили, електрични автобуси, електрични камиони за испорака, кои имаат нула емисии на CO2 и ПМ10 честички.
Овој иновативен проект е поддржан од ФИТР. Иако првично замислен како проект со кој се врши замена на на конвенционални мотори на Fiat 600 / Zastava 750 во електрични мотори, овој проект има многу поширока примена. Оваа иновација не се однесува само на оние кои имаат стари автомобили, со кои се емотивно врзани, па можат да им го продолжат животниот век, туку за сите луѓе, институции кои би сакале да имаат еколошки возила, кои се одржливи и штедливи.
ББ Класик Карс како компанија направи мал чекор кон подигање на свеста кај нашите сограѓани и потврди дека секој од нас може да придонесе за поздрава околина во која живееме ние и нашите деца.
Се направи електричен автомобил и кампања за да ги направиме сите поодговорни кон околината во која живееме.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |