Продолжува успешната соработка на ФИТР со Светска Банка

ДФИТР Фестим Халили денес одржа работна средба со претставниците на Светска банка г-дин Даглас Зенг и г-ѓа Татјана Марковска.

Во знак на досегашната успешна соработка помеѓу ФИТР и Светска банка, на средбата се дискутираше за приоритетите и активностите за забрзан економски раст на земјата насочени кон изработка на патоказ за развојот на приватниот сектор, како и идентификување на инструменти и области за понатамошен развој кои имаат корист од техничката помош и потенцијалното финансирање на Светска банка.