Продолжува посетата на ДФИТР Фестим Халили на бизнис секторот во Велика Британија

На меѓународната конференција на IEEE во Велика Британија, во улога на главен говорник #ДФИТР Фестим Халили ја презентираше работата и портфолиото на #ФИТР, што побуди значителен интерес за меѓуинституционална соработка.

Во рамките на конференцијата, ДФИТР Фестим Халили ја посети и престижната фабрика за автомобили Aston Martin, каде се запозна со најновите технологии за автоматизација и вештачка интелигенција во индустријата и можност за тест возење на најбрзиот автомобил на планетата Aston Martin SUV DBX707.

Научните истражувања кои ги спроведува оваа земја се огромни и претставуваат одлично искуство кое може да се пренесе во нашата земја.